Одржана првата работилница за развој на национална стратегија за женски фудбал

Објавено на 12 Август, 2020 во Вести


Денес во Спортскиот Центар Јане Сандански, во организација на Фудбалската Федерација на Македонија и официјално започна процесот на подготовка на Национална Стратегија за Женски Фудбал, 2021- 2026.


На првата работилница учество земаа претставници од директните учесници во женскиот фудбал - селекторите на женските национални тимови, претставници на фудбалерките, женските фудбалски клубови, комисијата за женски фудбал на ФФМ и медиумите. Својата поддршка со лично присуство и учество во работилницата ја искажаа и Управниот Одбор на ФФМ, Генералниот Секретар Филип Поповски, заменикот Генерален секретар Дрилон Ганиу, техничкиот директор Зоран Стратев како и менаџерот на секторот фудбал во ФФМ Жарко Игњатовски.


„Со почнувањето на процесот на градење на национална стратегија за развој на женскиот фудбал ние како федерација сме подготвени да ги вклучиме сите заинтересирани страни, со цел заеднички да изработиме документ и акционен план кој ќе биде водич за развој на женскиот фудбал во следните 5 години. Нашата цел не е само да подготвиме убав документ кој нема да се применува. Токму затоа го започнуваме овој процес со дел од заинтересираните учесници во женскиот фудбал, а во понатамошниот тек на процесот ќе бидат опфатени уште поголем број на директно вклучени интересенти“ - истакна Генералниот Секретар Филип Поповски.

Со дефинирањето на визијата „Повеќе жени, повеќе голови“ и официјално е поставена рамката на стратегијата која специфично ќе се однесува на развојот на женскиот фудбал во Македонија. 



   
   
А репрезентација