Одржан состанок со второлигашите

Објавено на 10 Јули, 2015 во Вести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, претставниците на екипите од Втората фудбалска лига и раководните луѓе од службите во ФФМ денеска одржаа работен состанок во “Куќата на фудбалот“.

Главна тема на состанокот беше почетокот на натреварувачката сезона 2015/16. Претставниците на клубовите од Втората лига со раководните луѓе од федерацијата споделија мислења, предлози и иницијативи и на други теми со цел да се придонесе за развојот на натпреварувањето. 

Клубовите од Втората лига имаат рок до 15. јули 2015 година да ја комплетираат целосната документација и да ги исполнат критериумите за лиценцирање за да имаат право на настап во втората по ранг конкуренција во македонската лига.

Комесарот за натпреварување информираше дека сезоната ќе започне на 15. август 2015 година, 26-ет круга ќе се играат во сабота, едно коло е предвидено да се одигра во вторник.


Секој второлигашки клуб ќе има можност да се вклучи во натпреварувањето меѓу Б тимовите за што исто така ќе треба да се произнесат до 15. јули 2015 година.

Сите клубови и во новата натпреварувачка сезона натпреварите од Втората лига ќе ги играат со фудбалски топки од германската марка „Јако“. Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди топки за секој од клубовите, а исто така претставниците на клубовите позитивно се изјаснија по предлогот на ФФМ да се направи обид за реализација на ТВ платформа преку која ќе се пренесуваат во живо натпреварите од Втората лига.

Согласно пропозициите за натпреварување во натпреварувачката сезона 2015/16, секој клуб првото полувреме од натпреварите мора да го започне и заврши со најмалку еден фудбалер помлад од 19 години и помлад од 21 година.




   
   
А репрезентација