Одржан состанок на УЕФА со генералните секретари на 55. членки

Објавено на 21 Април, 2020 во Вести


УЕФА денеска одржа видео конференција со претставниците на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација.

Генералните секретари на сите членки на УЕФА ги слушнаа предлозите и новостите од европската куќа на фудбалот поврзани со календарот за репрезентативните и клупските натпреварувања.

Посебно беше истакната препораката за успешно завршување на националните првенства и Куп натпреварувањата, но УЕФА ќе ги разгледа вонредните случаи доколку одредено првенство се откаже. Ваквите ситуации ќе бидат разгледани од УЕФА при дефинирањето на условите за учество во европските натпреварувања.

Исто така, се разговараше за ХетТрик програмата на УЕФА, а Европската фудбалска асоцијација го нагласи својот цврст став за регулирање на исплатата на средствата во планираните текови. 

Одлуката околу термините за баражите за ЕВРО 2020 ќе бидат донесени на седница на Извршен комитет на УЕФА следниот месец. 



   
   
А репрезентација