ФФМ прославува 10 години од основањето на УЕФА Фондацијата за деца!

Објавено на 24 Април, 2025 во Вести, Детски лиги, Live Your Goals


Оваа година се одбележуваат 10 години од основањето на УЕФА Фондацијата  за деца. Веќе цела деценија фондацијата е посветена на правење позитивни промени во животите на децата кои се соочуваат со секојдневни предизвици. 

Фондацијата заедно со фудбалските асоцијации покажаа дека фудбалот е многу повеќе од игра - тој е алатка за надеж, пријателство, образование, здравје и шанса за подобра иднина.

Фондацијата направи извонреден напредок во подобрување на благосостојбата на децата низ Европа и пошироко. Основана во 2015 година, Фондацијата поддржува 128 активни проекти и има финансирано 577 иницијативи во 138 земји.

ФФМ ќе го одбележи овој важен јубилеј со помош на УЕФА Фондација за деца и фудбалскиот клуб Карпошово со лансирање на проектот: „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”.

Проектот опфаќа организање фудбалски активности за деца и млади со Даунов синдром и лесна попреченост. Целтта е да се обезбеди тренинг од стручни лица и да се поттикне инклузија преку фудбалските активности.

Да продолжиме да градиме подобра иднина. 




   
   
А репрезентација