Одржан семинарот за периодизација во подготвителен период и кондициска подготовка

Објавено на 31 Август, 2015 во Вести

ФФМ преку својата тренерска организација и Центарот на едукација за тренери, а во соработка со стручниот штаб на Националната А репрезентација го одржа еднодневниот семинар за периодизација во подготвителен период и кондициска подготовка.

На семинарот одржан во „Гранд Плаза", свoja теоретска презентација имаше асистентот на селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Г - дин Луиш Диого Кампош (Португалија). Темата на презентацијата беше „Периодизација во подготвителен период и кондициска подготовка". По теоретската презентација, се одржа и практична презентација на помошниот терен на фудбалскиот клуб Работнички.




   
   
А репрезентација