Објавено на 20 Февруари, 2015 во Антидопинг, Вести
На семинарот беа одработени следните теми:
-
Допингот во спортот - предавач, Д-р Илија Стоилов
-
Последици по здравјето од злоупотребата на забранетите
допинг супстанци и методи - предавач, Д-р Илија Стоилов
- Меѓународен стандард за добивање на дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци или методи при заболувања на спортистот - предавач, Д-р Илија Стоилов
-
Суплементацијата во спортот и допинг проблемите - предавач,
Д-р Ханџиски Зоран
- Постапката на допинг контрола чекор по чекор - предавач, Д-р Ели Ханџиска
-
Менаџирање на допинг прекршоци и санкции за истите,
предавач Адвокат Марија Спиреска
-
Нега и лекување на стапала, нокти и кожни болести на
стапала – предавачи/претставници од др.Ваис
Евалуацијата на стекнатите познавања од областа за допингот во спортот беше изведена со дискусии и обработка на случај при сторен прекршок на Анти-Допинг правило. Учесниците на семинарот главно беа запознаени со материјата која се обработуваше. Истото се потврди и во одговорите на писментите прашања кои ги одговараа на крајот од семинарот. Сите учесници и практично ја пополнија потребната апликација за добивање дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци во случај на заболување на спортистот, кога мора да се користи забранета супстанца.
Беше поделен и материјал за спортистите во форма на флаери и книгата „Не за допингот во спортот” од д-р Илија Стоилов, каде е обработена материјата за допингот во спортот и е наменета за докторите физиотерапевтите и тренерите кои работат со спортистите.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....