Објавено на 13 Февруари, 2016 во Вести
Денеска во хотел Метропол во Белград се одржа регионален состанок на кој присуствуваа претставниците на 13 европски национални сојузи и високи претставници на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Овој пат, домаќин на овој состанок беше Фудбалскиот сојуз на Србија и нејзиниот претстедател Томислав Караџиќ, кој претстедаваше со овој состанок.
На денешниот состанок присуствуваа високи делегации на следните фудбалски федерации – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија и Србија, а за прв пат присутни беа и претставници на Русија и Турција. Исто така, активно учевство на состанокот имаа и највисоките претставници на УЕФА, предводени од првиот потпретседател на УЕФА Анхел Марија Виљар, генералниот секретар Џани Инфантино и заменик генералниот секретар Теодор Теодоридис. Исто така, присутни беа и директорот на одделението за натпреваување при УЕФА, Џорџо Маркети, шефот на оддлението за интегритет на натпреварувањата при УЕФА, Урс Клусер и менаџерот на одделението за маркетинг при УЕФА, Ноел Муни.
Присутните ги анализираа сите важни прашања кои претходат на одржувањето на двата важни конгерси – Вонредниот конгрес на УЕФА (Цирих, 25 февруари) и Вонредниот конгрес на ФИФА (Цирих, 26 февруари). Познато е дека на собранието на Вонредниот конгрес на ФИФА ќе биде избран нов претседател на светската фудбалска федерација, а на денешниот состанок испратена е едногласна и единствена поддршка од страна на присутните претседатели на националните федерации за Џани Инфантино и неговата кандидатура за претседател на ФИФА. Со сигурност може да се каже дека се работи за најдобриот кандидат за местото лидер на светското фудбалско семејство.
На овој состанок се зборуваше и за актуелната ситуација во УЕФА и подготовките за наредниот значаен состанок на оваа организација. Наредното редовно собрание на Конгресот на УЕФА, 40. по ред, ќе се одржи на 3. мај во Будимпешта.
За време на состанокот беа одржани и три презентации од страна на претставниците на УЕФА, на тема воведување на евентуални новитети во натпреварувањето на младинските категории, дополнителни заштити на интегритетот на натпреварувањето и маркетингот.
За датумот и местото на одржување на следниот состанок наскоро ќе ви испратиме соопштение.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....