Објавено на 12 Февруари, 2019 во Вести
Во „Куќа на фудбалот“, Одделот за за безбедност и интегритет одржа работен состанок со претставниците на клубовите, комесари за безбедност, во пресрет на почетокот на вториот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.
На претставниците на клубовите кои имаат обврска да го штитат интегритетот на играта им беше укажано да се почитуваат пропозициите во соодветните натпреварувања, да преземат неопходни мерки за безбедно одигрување на натпреварите и повторно беше упатен повик за почитување на фер плеј одредбите.
Одговорните во Одделот за за безбедност и интегритет при ФФМ, потенцираа неколку важни точки поврзани со огранизацијата на натпреварите од домашниот шампионат и координација на работата на официјалните лица пред, за време и по натпреварите. На присутните им беа повторени инструкциите за евентуални непријатни ситуации на стадионите, како и постапки за справување со нив, согласно критериумите преземени од натпреварувањата организирани од страна на УЕФА.