Објавено на 17 Август, 2018 во Вести
Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија во хотел „Континентал“ во Скопје одржа редовен семинар со делегатите на натпреварите од 1. и 2. МФЛ.
Комесарот за натпреварување Васко Дојчиновски потенцираше неколку важни точки поврзани со огранизацијата на натпреварите од домашниот шампионат и координација на работата на официјалните лица пред, за време и по натпреварите, особено на делегатите со судискиот тим. На семинарот беа дадени инструкции за евентуални непријатни ситуации на стадионите, како и постапки за справување со нив согласно критериумите преземени од натпреварувањата организирани од страна на УЕФА.
Свое обраќање пред присутните делегати имаше и Зоран Саздов, комесар за безбедност во Фудбалската федерација на Македонија. Од одделот за интегритет и безбедност се заложија сите клубови да го почитуваат „Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност“ и „Законот на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари“.