Одржан првиот дел од семинарот за национална фитнес лиценца

Објавено на 31 Октомври, 2018 во Вести, Семинари


Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 29. до 31. октмоври во „Куќа на фудбалот“ и на терените на тренинг центарот “Петар Милошевски“ го одржа првиот дел од курсот за добивање на Национална фитнес лиценца за работа во фудбалски клубови.

Вкупно 15 тренери се дел од курсот кои ќе се одвива во три фази, односно два семинара и стажирање во фудбалски клуб.

Свои презентации на овој семинар имаа проф. д-р Ванчо Поп Петровски, проф. д-р Вујица Живковиќ, потоа Иван Јовановски Карас, фитнес тренер во А репрезентација на Македонија, како и Лоик Борие, УЕФА експерт за фитнес и кондициска подготвка за млади категории и Оливие Доља, УЕФА менаџер за развој на младински фудбал.

Имавме огрома чест и задоволство да бидеме дел од првиот семинар за фитнес тренери кој го организира ФФМ преку својот Центар за едукација и во рамки на програмата го презентиравме ВАМЕВАЛ тестот, теоретски и практично, тоа е тест за аеробен капацитет кај младите категории кој дава информации за состојбата на фудбалерите и показатели во која насока да се одвива тренингот за физичка подготовка. Тренерите кандидати покажаа голема мотивираност и посветеност, а ние како УЕФА секогаш сме подготвени тоа да го препознаеме и поддржиме. Како и што рековме за време на презентациите, тренерите ќе добиваат многу информации за фитнес и кондициска подготвка, но нивна обврска е преку работа и искуство да ги запознаат деталите“,  изјавија Борие и Доља.

Речиси петнаесет години сум активен како фитнес/кондицски тренер во фудбалски клубови од кои најмногу во странство, имам посетено многу семинари и работилници на оваа тема и акумулирано големо искуство во практичната работа, но кога ја видов објавата за упис на ФФМ, не се двоумев воопшто дали да дојдам. Одличен семинар и почеток на едукацијата во овој дел од фудбалот за кој мислам дека во Македонија има многу простор за подобрување, се надевам дека клубовите во Македонија сериозно ќе ја сфатат потребата од фитнес/кондициски тренер, а се со цел подобрување на перформансите на играчите и преку тоа на целиот тим/клуб,“ изјави Михаило Шејкероски, кандидат за национална фитнес лиценца.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација