Објавено на 30 Октомври, 2014 во Вести
Истиот беше организириан со цел да се соберат финансиски средства за помош на Игор Наумовски – 26 годишно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.
Во Битола вчера настапија Илија Најдоски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, Илчо Ѓорѓиоски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Тони Наумоски, Марјан Стојкоски, а како специјални гости на настанот беше легендата на македонската кошарка Петар Наумовски и нашите музички ѕвезди Даниел Кајмакоски и Влатко Лозаноски.
Средбата помеѓу македонските и битолските фудбалски ѕвезди се одигра во спортската сала „Младост“ во Битола. Со секој купен билет љубителите на спортот и музиката во Битола, активно придонесоа за заздравувањето на ова младо момче. Од сите присутни најголемо внимание кај младата популација привлече Даниел Кајмаковски-официјалниот промотор на нашата сениорска репрезентација. Тој секој слободен момент го помина во дружење со неговите фанови. Нашите фудбалски ѕвезди најавуват хуманитарни натревари и во останатите градови низ Македонија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....