Одржан годишниот семинар за делегати на натпреварите од Прва и Втора МФЛ

Објавено на 14 Август, 2015 во Вести

Фудбалската Федерација на Македонија денеска во хотел „Карпош" го одржа годишниот семинар за кандидати за делегати на натпреварите од Прва и Втора МФЛ за сезона 2015/16.

На делегатскиот собир, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски детално ги презентираше новитетите во пропозициите за новата натпреварувачка сезона и правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Укажувањето на измените за новата сезона, Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите. 

Во денешната програма на состанокот беше вклучено и стандардното тестирање на делегатите за потврдување и обновување на нивното знаење.




   
   
А репрезентација