Објавено на 19 Септември, 2014 во Вести
Извршниот одбор на УЕФА не ја прифати кандидатурата на нашиот главен град Скопје, Националната арена „Филип Втори “ да биде еден од домаќините на натпревари од групната фаза од континенталниот шампионат. Европската фудбалска асоцијација не ја одобри кандидатурата и на Ерусалим, Минск, Кардиф, Стохолм и Софија.
„Историски момент за фудбалот во Европа. Сонот да имаме Европско првенство на половина континент стана реалност. Нависитна сум горд.“ - изјави претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Финалето на Европското првенство 2020 година ќе се одигра во Лондон.
ГРАДОВИ ДОМАЌИНИ НА ЕП 2020
ФИНАЛЕ – ПОЛУФИНАЛЕ
Лондон – Англија
ЧЕТВРТФИНАЛЕ И ТРИ НАТПРЕВАРИ ПО ГРУПИ
Минхен – Германија
Баку – Азербејџан
Санкт Петербург – Русија
Рим – Италија
НАТПРЕВАРИ ПО ГРУПИ
Копенхаген – Данска
Букурешт – Романија
Амстердам – Холандија
Даблин – Р. Ирска
Билбао – Шпанија
Будимпешта – Унгарија
Брисел – Белгија
Глазгов – Шкотска
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....