Одлуки од состанокот на Дисциплинска комисија на ФФМ одржан на 16. март 2016 година

Објавено на 16 Март, 2016 во Одлуки


-  СЕ ПОВЕДУВА дисциплинска постапка против Кире Ангеловски од Струмица, втор асистент судија на натпреварот ФК Кожуф Гевгелија од Миравци –  ФК Тетекс  од Тетово во рамки на  16. коло од Втора МФЛ на ден 05.03.2016 година на теренот на ФК Миравци 1951 поради учество во физичка пресметка со фудбалери на ФК Кожуф Гевгелија од Миравци по завршување на натпреварот.

На судијата Кире Ангеловски од Струмица му се изрекува суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

-  На Благоја Гешовски со ИД 105222, фудбалер на ФК Победа Прилеп му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на играње на 1 (еден) првенствен/куп натпревар. Дисциплинската мерка тече од 06.03.2016 година.

-  На Мајкл Цветковски со ИД 109263, фудбалер на ФК Пелистер АД Битола му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на играње на 1 (еден) првенствен/куп натпревар. Дисциплинската мерка тече од 06.03.2016 година.

-  На Томе Јанев со ИД 113571, фудбалер на ФК „Кожуф Гевгелија“ од Миравци  му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на играње на 1 (еден) првенствен/куп натпревар. Дисциплинската мерка тече од 06.03.2016 година.

-  На Мартин Шишков со ИД бр. 100929, фудбалер на ФК Љубанци 1974 му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на играње на 3 (три) првенствени/куп натпревари. Дисциплинската мерка тече од 13.03.2016.




   
   
А репрезентација