Одлуки од состанок на Дисциплинска комисија на ден 30.04.2015 година

Објавено на 30 Април, 2015 во Одлуки


Ф.К. „Еуромилк“ од Скопје се казнува со забрана на одигрување на 7 (седум) натпревари на свој терен без публика и со парична казна во износ од 2500 (две илјади и петстотини евра) врз основа на член 51 од Дисциплинскиот Правилник, а поради физички напад врз судијата на натпреварот од страна на гледач идентификуван како навивач. Казната тече од 30.04.2015 година.

Ф.К. „Скопје“ од Скопје се казнува со 2 (два) натпревари забрана за одигрување без присуство на гледачи и парична казна во износ од 500 (петстотини евра) врз основа на член 48 од Дисциплинскиот Правилник, а поради слаба организација - не одредил доволен број редари како домаќин од првенствениот натпревар од 2 МФЛ. Казната тече од 30.04.2015 година.

Тренерот на Ф.К. „Гостивар“ од Гостивар, Велиу Амир одстранет во 72. минута поради недолично однесување се казнува со забрана на вршење на функција во период од 1 (еден) месец, а согласно член 35 од Дисциплинскиот Правилник на ФФМ. Казната тече од 30.04.2015 година.

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.„Пелистер“ од Битола :

а) Поради употреба на пиротехнички материјал, фрлање предмети во терен кон голманот на Ф.К. „Тетекс“ и пеење песни со националистичка содржина на натпреварот Ф.К. „Пелистер“ –  Ф.К. “Тетекс“ одигран на ден 18.04.2015 во 16:00 часот на Градскиот стадион во Прилеп.

Се задолжува овластено лице  лица на Ф.К. „Пелистер“ да достави писмена  изјава во рок од 3 (три) дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

-Фудбалерот на Ф.К. „Шкендија“ од Тетово, Ашковски Стефан, со ИД број 123652 исклучен во 15. минута поради недозволена игра - недозволенo спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од  26. коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К. „Шкендија“ - Ф.К. „Вардар“ одигран на ден 24.04.2015 во 14:00 часот на Стадионот на Ф.К. „Башкими“ во Куманово, согласно со член 40 од  Дисциплинскиот Правилник на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  25. 04. 2015 година.

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К. „Пелистер“ од Битола :

а) Поради употреба на пиротехнички матерјал и пеење песни со националистичка содржина  на натпреварот Ф.К. „Пелистер“ - Ф.К. „Ренова“ одигран на ден 26.04.2015 во 16:00 часот на Градскиот стадион во Прилеп.

Се задолжува овластено лице  лица на Ф.К. „Пелистер“  да достави  писмена  изјава во рок од 3 (три) дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К. „Шкендија“ од Тетово:

а) Поради недолично  однесување на навивачката група „Балисти“ и извикување на слогани со националистичка содржина на натпреварот Ф.К. „Работнички“ -  Ф.К. „Шкендија “ одигран на ден 18.04.2015 во 16:00 часот на арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се задолжува овластено лица на Ф.К. „Шкендија“ да достави писмена изјава во рок од 3 (три) дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

-Фудбалерот на Ф.К. „Тетекс“ од Тетово, Стојковски Трајче со ИД број 102626 исклучен во 15. минута поради недозволена игра  на натпреварот од  27. коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К. „Металург“  - Ф.К. „Тетекс“ одигран на ден 26.04.2015 во 16:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, согласно со член 40 од Дисциплинскиот Правилник на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  30.04.2015 година.

Ф.К. „Шкупи“ од Скопје се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен без публика во сите категории и со парична казна во износ од 500 (петестотини евра) врз основа на член 51 од Дисциплинскиот Правилник поради физички напад врз играчите на ФК „Вардар“ од страна на гледачи по завршување на натпреварот во рамки на младинскиот полуфинален КУП натпревар одигран на ден 15.04.2015 во стадионот на ФК  „Шкупи“. Казната тече од 30.04.2015 година.




   
   
А репрезентација