Објавено на 09 Октомври, 2014 во Вести
-УО на ФФМ ја прифати оставката на досегашниот Генерален секретар Димитар Зисовски. Оставката од функцијата Генерален секретар Димитар Зисовски ја даде од лични причини. Димитар Зисовски и во наредниот период ќе биде во функција на Фудбалската федерација на Македонија.
-Управниот одбор на ФФМ го назначи Филип Поповски за в.д. Генерален секретар на ФФМ. Филип Поповски од 2002 е во Фудбалската федерацијата на Македонија, ја извршуваше функцијата лиценцен менаџер во одделението за лиценцирање и менаџер за квалитет. Филип Поповски има завршено магистерски студии за спортски менаџмент организирани од страна на УЕФА (MESGO)и магистарски студии за човечки резурси за мали и средни претпријатија.
- Управниот одбор на ФФМ ги донесе пропозициите за Втора лига во футсал за натпреварувачката сезона 2014/15.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....