Одлуки од седница на У.О на ФФМ

Објавено на 03 Април, 2018 во Вести


На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија меѓудругото ги донесе следните одлуки:

-У.О. на ФФМ ги усвои поднесените извештаи за работа на репрезентациите до 17 и 19 години на Горан Станиќ, селектор на Македонија до 17 години и Вујадин Станојковиќ, селектор на Македонија до 19 години;

-У.О. на ФФМ донесе одлука за реактивирање на женската А репрезетација на Македонија;

-У.О. на ФФМ го прифати предложениот проект за развој на женскиот младински фудбал;

-У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање лига во млади категории за девојчиња од натпреварувачката сезона 2018/2019;

-У.О на ФФМ го прифати барањето на ФК Академија Пандев за издвојување финансиски средства и поддршка во организирањето на меѓународниот младински меморијален турнир „Филип Лазаревски“;

-У.О. на ФФМ не го усвои барањето на ФК Вардар за заштита на Правилникот за натпревари;




   
   
А репрезентација