Одлуки од седница на УО на ФФМ

Објавено на 16 Декември, 2014 во Вести

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана на 16.12. 2014 година беа донесени следните одлуки:

-Добре Димовски, долгогодишниот селектор на женската А репрезентација е назначен за член на Комисијата за женски фудбал.

-УО на ФФМ ги усвои извештаите на Комисиите за мал фудбал (футсал), натпреварување, женски фудбал, извештаите за репрезентациите во женски фудбал и од координаторот за женски фудбал, извештаите на Комисиите за безбедност, судии, младински фудбал, тренери, фер плеј, извештајот од Центарот за едукација на ФФМ, извештајот на Комисијата за жалби, извештајот на Комисијата за лиценцирање и извештајот на Комисијата за натпреварувањето помеѓу репрезентации на ОФС.

-УО на ФФМ ги донесе Пропозициите за Куп натпреварување – футсал.

-УО на ФФМ ги назначи Горан Станиќ и Добринко Илиевски за селектори во младинските национални селекции, а ќе бидат дел и од тренерскиот тим во спортската академија.

-УО на ФФМ го назначи Ванчо Балевски за селектор на женската А репрезентација.

-УО на ФФМ го назначи Бруно Пресилски за технички координатор на дисперзираните паралелки по фудбал.

-УО на ФФМ го усвои извештајот на селекторот на А репрезентацијата Бошко Ѓуровски.




   
   
А репрезентација