Објавено на 20 Ноември, 2014 во Вести
-Управниот одбор на ФФМ го назначи Ѓоре Јовановски за Претседавач на комисијата за тренери на ФФМ. Ѓоре Јовановски е истакнат тренер и почитувано фудбалско име. Ѓоре Јовановски е поранешен селектор на А репрезентацијата на Македонија и еден од најуспешните наши тренери.
-Управниот одбор на ФФМ ги разгледуваше извештаите за активностите и работата на селекторите на младите категории. Дискутирајќи по прашањето членовите на Управниот одбор на ФФМ се согласија од потребата во консултација со Тренерската комисија и Центарот за едукација да биде формирана ад-хок комисија која би предложила нови лица кои би стапиле на функција по завршување на договорите на Алексо Мацков и Боби Стојковски. Покрај извештајот за работата на селекторите во младите категории, Управниот одбор ја констатираше оставката на селекторот на женската А репрезентација, Добре Димовски , која стапува во сила по одигрување на 100-от натпревар под негово раководство кој ќе се одигра на 26. ноември против домаќинот, репрезентацијата на Унгарија. Во својот допис до УО на ФФМ, Добре Димовски се заблагодари на досегашната поддршка добиена од федерацијата и како долгогодиштен фудбалски работник ја истакна потребата од организирање на ревијален натпревар на кој би се простил од женската репрезентација која под негово водство ќе има вкупно 100 меѓународни натпревари.
-Управниот одбор на ФФМ ги усвои предлог номинациите за манифестацијата „Најдобри во македноскиот фудбал“ за натпреварувачката сезона 2013/2014 за кои треба да се изјаснат дополнително по пат на гласање останатите фудбалски чинители.
-Управниот одбор на ФФМ го констатира предлогот на буџетот за 2015 година и донесе одлука истиот да се даде на усвојување на наредната седница на собранието на ФФМ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....