Одлуки од Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ

Објавено на 13 Март, 2025 во Вести


Одлуки од денешната седница на Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ):

Дисциплинската комисија одреди суспензија од еден натпревар за: Илија Донев (ФК Силекс), Бесмир Даци (ФК Шкупи), Константин Чешмеџиев (ФК Гостивар), Александар Васовски (шеф на стручен штаб на ФК Силекс); 

Дисциплинската комисија одреди суспензија од два натпревари за: Мартин Ѓоргиевски (ФК Брера А.П.), Блаже Јанакиевски (шеф на стручен штаб на ФК Башкими) и Љупчо Симовски (тренер на ФК Осогово);

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Башкими поради користење и фрлање во терен пиротехнички средства на натпреварот ФК Башкими - ФК Охрид Лихнидос;

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства од страна на навивачите на натпреварот ФК Силекс - ФК Вардар;




   
   
А репрезентација