Објавено на 14 Јуни, 2016 во Вести
На завршниот турнир во генерација 2001/02 учество земаа екипите на Топ Гол од Битола, Шарпланинка од Тетово, Тиверија од Струмица и Билјанини Извори од Охрид. По двата полуфинални натпревари во финалето помеѓу Топ Гол и Тиверија поуспешни беа фудбалерките на Топ Гол од Битола, кои со резултат од 7-0 ги совладаа своите врснички од Струмица.
Во генерацијата 2003/04 се натпреваруваа екипите на Ас Јунајтед од Струга, Билјанини Извори од Охрид, Тиверија од Струмица и Топ Гол од Битола. Во генерацијата до 12 години трофејот го освоија девојчињата од Тиверија - Струмица кои во финалето го совладаа Топ Гол од Битола со 5-0.
Овие финални натпревари претставуваа завршница на проектот за развој на фудбал за девојчиња во организација на ФФМ кој се спроведе во периодот од септември, 2015 до јуни, 2016 година. Во проектот вкупно беа вклучени 10 екипи со фудбалерки од две генерации, до 12 и до 14 години.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....