Објавено на 16 Мај, 2016 во Вести
На тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" денеска се одиграа првите натпревари од УЕФА развојниот турнир за академии.
Академијата на Македонија до 15 години (фудбалери родени 2001 година) беа поразени од Ерменија на пенали со 4:2, откако во регуларниот дел средбата заврши 2:2. Избраниците на Звонко Златановски пропуштија предност од два гола и можат да жалат за пропуштената шанса да издвојуваат победа. За нашата репрезентација погодоците ги постигнаа Божидар Митревски и Куштрим Таири. Во вториот натпревар од оваа група кој на програмата е од 17:30 часот, силите ќе ги одмерат академиите на Грузија и Белорусија.
Академијата на Македонија до 14 години (фудбалери родени 2002 година) во првото коло се сретна со Грузија. Нашите фудбалери беа поразени со резултат 3:2. Головите за избраниците на Марио Вујовиќ ги постигна Филип Костовски. Дуелот помеѓу академиите на Ерменија и Белорусија го комплетира воведното коло од оваа група на развојниот турнир.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....