Одиграни последните натпревари од УЕФА развојниот турнир за академии

Објавено на 20 Мај, 2016 во Вести


Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" беа одиграни последните натпревари во рамките на УЕФА развојниот турнир за академии. Во последното коло на турнирот силите ги одмерија академиите на Македонија и Белорусија за фудбалери до 15 години и до 14 години.

Во првиот натпревар за фудбалери до 15 години, академија на Македонија предводена од тренерот Звонко Златановски заблежа победа на академијата на Белорусија со 3:1. Нашата репрезентација беше подобриот противник на денешниов дуел и заслужено запиша победа над својот денешен противник. Головите беа дело на Небуш Нухи, Емил Скоко и Баки Исмаили.

Во натпреварот за играчи до 14 години, академијата на Македонија ја победи Белорусија со високо 3:0. Во овој дуел посебно се истакна младиот Стефан Ѓорѓиев кој успеа на два пати да се запише во листата на стрелци. Третиот погодок за нашите млади фудбалери го постигна Харбин Речица.

УЕФА развоен турнир за академии 

репрезентации до 15 години 

МАКЕДОНИЈА - БЕЛОРУСИЈА 3:1

(Небуш Нухи 1:1, Емил Скоко 2:1, Баки Исмаили 3:1)

МАКЕДОНИЈА: Димитрија Герасимовски, Божидар Митревски, Ален Личина, Огнен Лозановски, Мехмед Алибајрами, Баки Исмаили, Метин Рушити, Никола Силјановски, Меритон Идризи, Нухи Небуш, Давид Ристовски; Тренер: Звонко Златановски;

Клупа за резервни фудбалери: Филип Џамтовски, Јорго Папули, Давид Тошевски, Кире Трпчевски, Христијан Трпчевски, Матеј Андонов, Муарем Сухејл, Куштрим Таири, Емил Скоко;

репрезентации до 14 години

МАКЕДОНИЈА - БЕЛОРУСИЈА 3:0

(Харбин Речица 1:0, Стефан Ѓорѓиев x2 2:0, 3:0)

МАКЕДОНИЈА: Филип Веневски, Ибраим Алили, Тео Блажевски, Далибор Костовски, Александар Ѓурковски, Иван Николов, Лука Станковски, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Харис Зековиќ, Харбин Речица; Тренер: Марио Вујовиќ;

Клупа за резерви фудбалери: Матеј Величковски, Рилинд Ајдини, Горазд Стојменов, Јасин Сали, Стефан Ѓорѓиев, Филип Андоновски, Филип Костовски, Марио Костески, Методи Максимов;

Тренинг центар „Петар Милошевски" - Скопје



   
   
А репрезентација