Одиграни контролни натпревари помеѓу УЕФА Академијата на Македонија и Академија Пандев

Објавено на 19 Февруари, 2016 во Вести


На тренинг центарот „Петар Милошевски“ два контролни натпревари одиграа УЕФА Академијата на Македонија и Академија Пандев (фудбалери родени 2001 и 2002). 

Двата натпревари завршија со резултат од 2:0 во корист на Академијата на Македонија.

Во првиот натпревар прашањето за победникот беше решено уште во првата половина од првиот дел, кога Уефа Академијата на Македонија со головите на Јорго Папули во 14` и Кире Трпчевски во 26` поведе со убедливи 2:0. Во продолжението од средбата Академија Пандев не успеа да наметне своја игра, не создаде добри прилики и немаше сили за да направи комплетен пресврт.

Во втората меѓусебна пресметка Уефа Академијата од Македонија беше подобар противник и рано во 15` го отвори резултатот. До крајот на првиот дел неколку добри прилики не успеаа да искористат фудбалерите од Академијата на Македонија. Во продолжението конечните 2:0 беа дело на Ајдини Рилинд кој погоди во 51`.



   
   
А репрезентација