Објавено на 02 Јуни, 2022 во Вести
На 31. мај и 1. јуни беа одиграни финалните натпревари од Купот на Македонија во младинските лиги во Струга и Охрид.
Вкупно беа одиграни 4 натпревари, беа постигнати 11 гол. Сите мечеви завршија во регуларниот дел, освен еден на кој победникот беше одлучен по подоброто изведување пенали. Во Струга беа одиграни мечевите Вардар - Победа (помлади пионери) и Академија Пандев - Работнички (пионери). Во Охрид се одиграа финалните средби помеѓу Шкендија и Шкупи (кадети) и Вардар и Шкендија (младинци).
Во категоријата помлади пионери, екипата на Вардар во интересен натпревар со отворена игра и 5 постигнати гола славеше триумф над екипата на Победа со 3:2.
Во категоријата пионери, Работнички се радуваше на трофејот по победата од 2:1 над тимот на Академија Пандев.
Во категоријата кадети, Шкендија и Шкупи одиграа тврд и изедначен меч. Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 1:1. Тимот на Шкупи по подоброто изведување пенали славеше со 5:3.
Во категоријата младинци, Вардар беше подобар од Шкендија со минимални 1:0.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....