Oдигран фудбалски натпревар меѓу стопанственици во насока на унапредување на општествената одговорност

Објавено на 12 Ноември, 2014 во Вести

Воспоставената соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија се преточи и на фудбалскиот терен.

Имено, на терените на Тренинг Центарот на Куќата на фудбалот истрчаа двете екипи составени од претставници на стопанската комора на Македонија и Советот на Странски Инвеститори.

Како селектори на двата тима на овој неформален фудбалски натпревар се јавија претседателите на Комората и Советот, Бранко Азески и Хуан Педро Хименез Наваро.



Во опуштена атмосфера „фудбалерите” од двата табора со своето учество покажаа дека се подготвени и понатаму да ја поттикнуваат општествената одговорност на бизнис-заедницата во насока на  ширење на позитивно влијание преку активности за развој на секоја компанија и заедницата во целина.

Македонските компании се општествено одговорни и во последните 10-тина години има позитивни примери, но може да се направи повеќе во оваа насока,а токму овој настан му дава  дополнителен импулс на целиот процес.

Бодрени од навивачките групи составени од македонски стопанственици, натпреварот во рамките на фер-плеј играта заврши со нерешен резултат.


Ова е прв настан по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија, кој претставува официјализирање и почеток на заедничките активности кои во наредниот период ќе се спроведат со цел остварување на националниот интерес низ развој на спортот како општо препознатлива вредност преку која, покрај останатите придобивки, се претставува и се афирмира Република Македонија во меѓународни рамки и се јакне националната свест.

Натпреварот заврши со нерешен резултат 5:5.





   
   
А репрезентација