Објавено на 28 Мај, 2025 во Вести, Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство против Белгија на 6. јуни во Скопје и против Казахстан на 9. јуни во Астана.
На списокот на селекторот Благоја Милевски, единствен дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Београд.
Поради повреда двата меча од мундијалските квалификации ќе ги пропуштат дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и фудбалерот од средниот ред, Лирим Ќамили.
Список на повикани фудбалери: