Објавено на 25 Март, 2015 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште Гафури Арѓент,со ИД број 100375 исклучен во 90+3 минута(веднаш по завршување на натпреварот) поради вулгарно и навредливо однесување кон главниот судија на натпреварот од 21 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Ренова – Ф.К.Силекс одигран на ден 21.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Тетово, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 22.03.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште Јусуфи Плумб,со ИД број 102485 исклучен-втор жолт картон во 90+3 минута(веднаш по завршување на натпреварот) поради навредливо однесување кон главниот судија на натпреварот од 21 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Ренова – Ф.К.Силекс одигран на ден 21.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Тетово, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 22.03.2015 година.
Се поведува дисциплинска постапка против Михајлов Горазд шеф на стручен штаб на Ф.К.“Тетекс“ од Тетово одстранет од терен во 90+1 минута поради неспортско однесување спрема противнички фудбалер на натпреварот од 21 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Шкендија – Ф.К. Тетекс одигран на ден 22.03.2015 во 14:00 на градскиот стадион во Тетово.
Шефот на стручниот штаб Михајлов Горазд СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 23.03.2015 година.
Се задолжува Михајлов Горазд шеф на стручен штаб на Ф.К.“Тетекс“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Љума Реџеп комесар за безбедност на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово пријавен од страна на Делегатот на натпреварот поради физички напад врз гостинскиот шеф на стручен штаб на натпреварот од 21 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Шкендија – Ф.К. Тетекс одигран на ден 22.03.2015 во 14:00 на градскиот стадион во Тетово.
Комесарот за безбедност Љума Реџеп СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 23.03.2015 година.
Се задолжува Љума Реџеп комесар за безбедност на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкендија“ од Тетово поради недолично однесување на навивачката група “Балисти“истакнување на транспаренти и извикување на слогани со националистичка содржина, навреди упатени кон ФФМ,употреба на пиротехнички средства во повеќе наврати и фрлање на тврди предмети во оградениот дел од теренот во текот на натпреварот од 21 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на ден 22.03.2015 во 14:00 на Градскиот стадион во Тетово.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Вардар“ од Скопје поради слаба организација,користење на пиротехнички матерјал на навивачката група “Комити“во текот на натпреварот од 21 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 22.03.2015 во 17:00 на Арена “Филип втори“ во Скопје.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Вардар“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Пелистер“ од Битола поради користење на пиротехнички матерјал на навивачката група “Чкембари“во текот на натпреварот од 21 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 22.03.2015 во 17:00 на Арена “Филип втори“ во Скопје.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Пелистер“ од Битола да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје Маркоски Кире,со ИД број 101545 исклучен во 90+4 минута поради недозволен старт- груба игра врз противнички фудбалер на натпреварот од ½ финале Куп (прв натпревар) помеѓу: Ф.К.“Работнички“ – Ф.К.“Ренова“ одигран на ден 18.03.2015 во 14:00 часот на “Арена Филип втори“ согласно со член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) на првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 19.03.2015 година.
Шефот на стручниот штаб на Ф.К. “Кожуф Гевгелија“ од Миравци, Реџепи Џенгис,со број на легитимација 109518 исклучен-одстранет од терен во 45 минута поради неспортски-вулгарен однос кон првиот помошен судија на натпреварот од 16 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Младост одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Миравци, согласно со член 35, од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.
Казната тече од 12.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.
Претставникот на Ф.К. “Кожуф Гевгелија“ од Миравци, Штерјов Васил, исклучен-одстранет од терен во 45 минута поради неспортски однос , употреба на грди и навредливи зборови кон првиот помошен судија на натпреварот од 16 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Младост одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Миравци, согласно со член 35, од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.
Казната тече од 12.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.
Претставникот на Ф.К. “Дрита“ од Боговиње, Рамадани Имбрли, исклучен-одстранет од терен во 45 минута поради неспортски однос , закани и пцуење и навредливи зборови кон главниот судија на натпреварот од 17 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Дрита - Ф.К.Кожуф Гевгелија одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Боговиње, согласно со член 35, од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.
Казната тече од 16.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.