Објавено на 02 Октомври, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје Силјановски Горан,со ИД број 100368 исклучен во 90 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 9 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново – Ф.К.Работнички одигран на ден 28.09.2014 во 15:30 на стадионот во Турново, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 29.09.2014 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Шкупи 1927“ од Скопје Демири Бесир,со ИД број 101429 исклучен во 88 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 7 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Гостивар – Ф.К.Шкупи 1927 одигран на ден 27.09.2014 во 15:30 на градскиот стадион во Гостивар, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 28.09.2014 година
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија од Тетово поради слаба организација:
а) Фрлање во терен на тврди предмети камења, запалки и слично, како последица на тоа удрен е и повреден гостинскиот голман по завршување на натпреварот;
б) Недолично однесување на навивачката група “Балисти“,извикување на слогани со навредлива содржина на верска, национална и лична основа пред и во текот на натпреварот;
в) Користење на пиротехнички средства (палење бакљи) и навивачки реквизити(хартиени ленти) поради кои е направен 5-минутен прекин на натпреварот, а по пријава од делегатот на натпреварот и претседателот на комисијата за безбедност при ФФМ на КУП натпреварот 1/8 финале прв натпревар Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на градскиот стадион во Тетово на 24.09.2014 година во 15,30 часот Се задолжува ФК Шкендија од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкупи 1927 од Скопје поради слаба организација:
а) Фрлање на тврди предмети пластични шишиња во терен, како последица на тоа удрен е гостинскиот претставник за време на натпреварот;
б) Необезбеден разглас и спикер а по пријава од делегатот на натпреварот и членот на комисијата за безбедност при ФФМ на КУП натпреварот 1/8 финале прв натпревар Ф.К.“Шкупи 1927“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на стадионот на Чаир во Скопје на 24.09.2014 година во 15,30 часот Се задолжува ФК Шкупи 1927 од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Скопје од Скопје поради слаба организација – инцидент во судиската соблекувална на натпреварот од 7-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Скопје“ – Ф.К.“Врапчиште“ одигран на стадионот на Челезарница во Скопје на 27.09.2014 година, а по пријава од делегатот на натпреварот и членот на комисијата за безбедност при ФФМ. Се задолжува ФК Скопје од Скопје– овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија од Тетово поради слаба организација:
а) Недолично однесување на навивачката група “Балисти“,извикување на националистички слогани во текот на натпреварот;
б) Користење на пиротехнички средства и фрлање на бакљи во терен поради кои е направен 3-минутен прекин на натпреварот, а по пријава од делегатот на натпреварот и претседателот на комисијата за безбедност при ФФМ на натпреварот од 9-то коло на прва МФЛ Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на градскиот стадион во Тетово на 28.09.2014 година во 15,30 часот Се задолжува ФК Шкендија од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Ф.К.“Скопје“ од Скопје се казнува со парична казна од 250 (двестотини и педесет ) евра,согласно член 35 , а во врска со член 13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ и врз основа на Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ за натпреварувачка 2014-2015, а поради недолично однесување на лицето задолжено за медицински носилики, лицето во 33 минута од натпреварот е одстрането од теренот на натпреварот од 5 коло втора МФЛ: Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 07.09.2014 година на стадионот на Железарница во Скопје.
Ф.К.“Работник“ од Џумајлија се казнува со парична казна од 250 (двестотини и педесет ) евра,согласно член 58 став 2 , а во врска со член 3, 13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради откажување од понатамошното натпреварување во купот 1/16 финале и неодигрување на натпреварот Ф.К.Работник – Ф.К.Силекс.
Ф.К.“Врапчиште“ од Врапчиште се казнува со парична казна од 1200 (илјада и двестотини) евра,согласно член 48 и член 87 , а во врска со член 3,8, 13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација и непочитување на Одлука број 1102-1327/27 од 03.06.2014 година донесена од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ, на натпреварот од 6 коло втора МФЛ: Ф.К.Врапчиште – Ф.К.Младост одигран на ден 20.09.2014 година на стадионот на Влазерими во Кичево.
Ф.К.“Шкупи1927“ од Скопје се казнува со парична казна од 250 (двестотини и педесет ) евра,согласно член 13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ и член 9 алинеа 8 од Пропозициите за натпреварување во втора МФЛ за натпреварувачка 2014-2015, а поради необезбедување на разглас и најавувач-спикер на натпреварот од 6 коло на втора МФЛ Ф.К.“Шкупи 1927“-Ф.К.“Скопје“ одигран на 20.09.2014 година на стадионот на Чаир во Скопје.
Ф.К.“Пелистер“ од Битола се казнува со парична казна од 1,500 (илјада ипетстотини ) евра, врз основа на член 36 и 38 став 1 а во врска со член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување на навивачката група Чкембари на натпреварот од 8 коло прва МФЛ: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Шкендија одигран на ден 20.09.2014 година на Градскиот стадион во Битола.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.
Заклучок 1 : По однос на доставеното Барање на Ф.К.Скопје од Скопје до Дисциплинската комисија на ФФМ, а по однос на барање за соочување со контролорот Стојчевски Миле за натпреварот Ф.К.Скопје –Ф.К.Еуромилк, а врз основа на покрената Дисциплинска постапка против Ф.К.Скопје од Скопје.
Дисциплинската комисија на ФФМ на ден 03.10.2014 во 10,30 часот закажува соочување во просториите на ФФМ на кое треба да присуствуваат овластен преставник на Ф.К.Скопје од Скопје и контролорот Стојчевски Миле.
Заклучок 2 : По однос на доставеното Барање на Сали Ерсен фудбалер на Ф.К.Врапчиште од Врапчиште до Дисциплинската комисија на ФФМ, а по однос на барање за соочување со Вељановски Тони фудбалер на Ф.К.Младост –Царев Двор за натпреварот Ф.К.Врапчиште –Ф.К.Младост, а врз основа на покрената Дисциплинска постапка против Сали Ерсен.
Дисциплинската комисија на ФФМ на ден 03.10.2014 во 11,00 часот закажува соочување во просториите на ФФМ на кое треба да присуствуваат Сали Ерсен фудбалер на Ф.К.Врапчиште и Велјановски Тони фудбалер на Ф.К.Младост од Царев Двор.