Објавено на 06 Април, 2015 во Одлуки
Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна од 3.000 (триилјади ) евра, врз основа на член 36,38, 51 став 1 и 5 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради изложување пароли, транспарент со националистичко /расистичко значење поради што натпреварот бил прекинат во траење од 2 минути , поради користење на пиротехнички матерјал – запалени бакли во три наврати и тоа во 28,51 и 71 минута , како и поради на фрлање тврди предмети во терен (метални пари и запалки) во 90+ 1 минута,од страна на навивачката група на Ф.К.“Шкендија“ (Балисти) на натпреварот Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на ден 22.03.2015 во 14,00 часот во Тетово, во рамките на 21 коло од прва МФЛ.
Шефот на стручниот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово, Горазд Михајлов со број на легитимација 157 одстранет од терен во 90+1 минута поради неспортски однос кон противнички фудбалер на натпреварот од 21 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Тетекс одигран на ден 22.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Тетово, согласно со член 35 став 1 алинеа 2, а во врска со член 13 ,16 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на тренерска функција во траење од 2 (два) првенствени - куп натпревари
Казната тече од 23.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува
Комесарот за безбедност на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово, Љума Реџеп пријавен од Делегатот на натпреварот Михајловски Зоран поради физички напад на шефот на стручниот штаб на Ф.К.“Тетекс“ Горазд Михајлов во 90+ 1 минута на натпреварот од 21 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Тетекс одигран на ден 22.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Тетово, согласно со член 47 став 2, а во врска со член 13 ,16 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (една) година.
Казната тече од 23.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.
Ф.К.“Пелистер“ од Битола се казнува со парична казна од 600 (шестотини ) евра, врз основа на член 51став 1 и став 5 а во врска со член 29 став 2 и од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради употреба на пиротехнички матерјали од страна на навивачката група на Ф.К.Пелистер од Битола (Чкембари) на натпреварот Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 22.03.2015 во 17,00 часот на Арена “Филип втори“ во Скопје, во рамките на 21 коло од прва МФЛ.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 1.500 (илјада и петстотини ) евра, врз основа на член 48 и 51став 1 и став 5 а во врска со член 29 став 2 и од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради слаба организација и употреба на пиротехнички матерјали од страна на навивачката група на Ф.К.Вардар од Скопје (Комити) на натпреварот Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 22.03.2015 во 17,00 часот на Арена “Филип втори“ во Скопје, во рамките на 21 коло од прва МФЛ.