Објавено на 09 Април, 2015 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Гостивар“ од Гостивар Беџети Лирис,со ИД број 101247 исклучен во 76 минута поради неспортско однесување кон главниот судија – втор жолт картон на натпреварот од 20 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Дрита – Ф.К.Гостивар одигран на ден 04.04.2015 во 16:00 часот на стадион во Богвиње, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 05.04.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Велазерими 77“ од Врапчиште Зеќири Агрон,со ИД број 100815 исклучен во 79 минута поради недозволена игра – недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 20 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Велазерими 77 одигран на ден 05.04.2015 во 16:00 часот на стадион во Гевгелија, согласно со член 40од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 06.04.2015 година.
Се поведува дисциплинска постапка против:
а) Васко Мавров главен судија на натпреварот Ф.К.Скопје –Ф.К.Младост поради лошо извршување на дел од судиските обврски согласно член 62 (поради утврдување на подобност на теренот за игра)од Правилникот за натпревари на ФФМ.
б) Дарко Иваноски Делегат на натпреварот Ф.К.Скопје –Ф.К.Младост поради лошо извршени делегатски обврски.
в) Бурханедин Салихи на натпреварот Ф.К.Скопје –Ф.К.Младост лошо извршување на дел од контролорските обврски.
Се задолжуваат Васко Мавров главен судија,Дарко Иваноски делегат на натпреварот и Бурханедин Салихи контролор на натпреварот Ф.К.Скопје –Ф.К.Младост да достават писмени изјави во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Вардар“ од Скопје Дашјан Артак,со ИД број 120086 исклучен во 86 минута поради недозволена игра – недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 22 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Брегалница2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 04.04.2015 во 16:00 часот наГрадскиот стадион во Штип, согласно со член 40од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 05.04.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје Додевски Нинослав,со ИД број 100267 исклучен во 77 минута поради недозволен старт на натпреварот од 22 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс – Ф.К.Работнички одигран на ден 04.04.2015 во 16:00 часот наСтадионот “Борис Трајковски“ во Маџари - Скопје, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 05.04.2015 година.
Тренерот на Ф.К. “Вардар“ од Скопје, Васовски Александар со број на легитимација 102 пријавен по завршување на натпреварот поради неспортски однос кон судиската четворка од 22 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Брегалница 2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 04.04.2015 во 16:00 часот на стадионот во Штип, согласно со член 35 став 1 алинеа 2, а во врска со член 13 ,16 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на тренерска функција во траење од 2 (два)првенствени - куп натпревари
Казната тече од 05.04.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово Положани Артим,со ИД број 109199 исклучен во 63 минута поради недозволен старт-втор жолт картон на натпреварот од 23 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 08.04.2015 во 16:00 часот наГрадскиот стадион во Тетово, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 09.04.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово Бериша Седат,со ИД број 102502 исклучен во 73 минута поради недозволена игра – недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 23 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 08.04.2015 во 16:00 часот наГрадскиот стадион во Тетово, согласно со член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 09.04.2015 година.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....