О Д Л У К И СОСТАНОК ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА 22.04.2015

Објавено на 22 Април, 2015 во Одлуки


Се поведува дисциплинска постапка против Ристов Сашко со ИД број 100362 фудбалер  на Ф.К.“Еуромилк“ од Скопј  поради физички напад  спрема вториот помошен судија (Топојани Мервин) на натпреварот од 22 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 на стадионот во Ѓорче Петров.

 Ристов Сашко  СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 20.03.2015 година.

Се задолжува Ристов Сашко фудбалер на Ф.К.“Еуромилк“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Костенцовски Марко со ИД број 100827 фудбалер  на Ф.К.“Еуромилк“ од Скопј  поради физички напад  спрема вториот помошен судија (Топојани Мервин) на натпреварот од 22 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 на стадионот во Ѓорче Петров.

 Костенцовски Марко  СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 20.03.2015 година.

Се задолжува Костенцовски Марко фудбалер на Ф.К.“Еуромилк“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Скопје“ од Скопје поради слаба организација на натпреварот од 22 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 на стадионот во Ѓорче Петров.

Се задолжува овластено лице на  Ф.К.“Скопје“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Еуромилк“ од Скопје поради физички напад спрема вториот помошен судија (Топојани Мервин) од страна на фудбалери од Ф.К.Еуромилк од Скопје како и физички напад спрема главниот судија (Стефков Симеон)  од страна на неслужбено лице (Перчинков Ѓоре идентификуван од страна на МВР- родител на фудбалерот на Ф.К.Евромилк со број 15 Перчинков Игор)  на натпреварот од 22 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 на стадионот во Ѓорче Петров.

Се задолжува овластено лице на  Ф.К.“Евромилк“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Велиу Амир тренер  на Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар исклучен- одстранет од терен во 72 минута поради недолично однесување кон судиската четворка на натпреварот од 22 коло  од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Гостивар одигран на ден 19.04.2015 во 16:00 на стадионот во Гевгелија.

 Велиу Амир  СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 20.03.2015 година.

Се задолжува Велиу Амир тренер на Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово Вукчевиќ Никола,со ИД број 123654 исклучен во 76  минута поради недозволена игра – недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од  25 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Работнички  – Ф.К.Шкендија  одигран на ден 18.04.2015 во 16:00 часот на  Арена Филип втори во Скопје,  согласно со член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  19.04.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Павлов Василиј Викторович,со ИД број 124039 исклучен во 86  минута поради недозволен контакт со противнички фудбалер на  КУП натпреварот од  ½ финале втор натпревар  помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново  – Ф.К.Тетекс  одигран на ден 15.04.2015 во 16:00 часот на стадионот  во Турново,  согласно со член 40од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  16.04.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје поради:

- слаба организација,

- физички напад од страна на неслужбени лица (навивачи на Ф.К.Шкупи 1927) спрема фудбалерите на Ф.К.Вардар по завршување на натпреварот,

на КУП натпреварот од ½ финале младинци (втор натпревар)  помеѓу Ф.К.Шкупи 1927 – Ф.К.Вардар одигран на ден 15.04.2015 во 15:00 на стадионот во Чаир.

Се задолжуваат  овластенте  лица на  Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје и Ф.К.“Вардар“ од Скопје  да достават  писмени  изјави и друг доказен матерјал кој го поседуваат во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.




   
   
А репрезентација