О Д Л У К И Од состанок на Дисциплинска комисија на ФФМ од 22.10.2014 год.

Објавено на 22 Октомври, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово Митров Иван,со ИД број 100926 исклучен во 24 минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 11 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Вардар одигран на ден 19.10.2014 во 14:30 на градскиот стадион во Тетово,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2(два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  20.10.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Младост“ од Царев Двор, Пановски Николче,со ИД број 107413 исклучен во 16 минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 10 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Македонија ЃП – Ф.К.Младост одигран на ден 18.10.2014 во 14:30 на  стадионот во Ѓорче Петров,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  2(два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  19.10.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија  од Тетово поради  слаба организација:

a)  Поради неспортско ,недолично,вулгарно и националистичко однесување на навивачката група “Балисти“, во текот на натпреварот Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на ден 19.10.2014 во 14,30 часот во Тетово. (опишано во дополнителниот делегатски извештај).

b)  Поради употреба на пиротехнички средства во текот на натпреварот (опишано во дополнителниот делегатски извештај).

c)  Поради фрлање на тврди предмети во оградениот дел од теренот насочени кон главниот судија, вториот асистент судија и фудбалерите на Ф.К.Вардар. (опишано во дополнителниот делегатски извештај).

Се задолжува ФК“ Шкендија“ од  Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Напредок  од Кичево поради неподмирување на судиски налог од Куп натпреварот 1/16 финале  во натпреварувачка 2014-2015 Ф.К.“Беласица“ – Ф.К.Напредок  одигран на ден 20.08.2014 година на стадионот Младост  во Струмица.

Се задолжува ФК“ Напредок“ од Кичево – овластено лице од клубот да достави писмена изјава или заверена уплата во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоренаведеното.

Прилог кон Одлуката (Копија од судискиот налог за натпревар Ф.К.“Беласица“ – Ф.К.“Напредок“




   
   
А репрезентација