О Д Л У К И Состанок на Дисциплинска комисија на ФФМ

Објавено на 03 Септември, 2015 во Одлуки


-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје поради :

а) фрлање на пластични шишиња во терен на натпреварот од четврто коло Прва МФЛ : Ф.К.“ Шкупи 1927 “ –  Ф.К.“ Хоризонт Турново “ одигран на ден 26.08.2015 во 16,30 часот на стадионот во Чаир.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Вардар“ од Скопје поради :

а) недолично однесување на навивачката група “Комити“извикување на песни со навредлива содржина на национална основа  на натпреварот од петто коло Прва МФЛ : Ф.К.“Брегалница 2008“ –  Ф.К.“ Вардар “ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  во Кочани.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Вардар“ од Скопје  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК“Пелистер“ од Битола поради :

а) употреба на пиротехнички матерјал на навивачката група (Чкембари)  на натпреварот од  трето коло Втора МФЛ : Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“ Пелистер “ одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на градскиот стадион во Прилеп.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Пелистер“ од Битола да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК“Победа“ од Прилеп поради :

а) употреба на пиротехнички матерјал на навивачката група (Мајмуни)  во текот на натпреварот.

б) слаба организација – необезбедено против пожарно возило.

в)слаба организација – влегување на неслужбено лице(навивач на ФК Победа) во терен во тек на натпреварот и предизвикување на двеминутен  прекин на натпреварот  од  трето коло Втора МФЛ : Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“ Пелистер “ одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на градскиот стадион во Прилеп.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Победа“ од Прилеп да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Пелистер“ од Битола, Стојковски Антонио,со ИД број 102656 исклучен во 86  минута поради недозволен старт – втор жолт картон на  натпреварот од трето коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“ Пелистер “ одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  “Гоце Делчев“ во Прилеп  согласно  член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  31.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Победа“ од Прилеп, Карчески Даниел,со ИД број 105146 исклучен во 90+5  минута поради недозволен старт – втор жолт картон на  натпреварот од трето коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“ Пелистер “ одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  “Гоце Делчев“ во Прилеп  согласно  член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  31.08.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Јакимовски Дејан фудбалски судија  од Скопје поради :

а) недоставување  мислење-изјава во врска со доделен црвен картон на  Ристовски Стефан фудбалер на Ф.К.Брегалница 2008 од Штип на натпреварот од  петто коло Прва МФЛ : Ф.К.“Ф.К.“Брегалница““ –  Ф.К.“ Вардар “ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на градскиот стадион во Кочани.

Се задолжува  Јакимовски Дејан  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се задолжува Јакимовски Дејан да достави мислење – изјава во врска со доделниот црвен картон.(Опис на прекршокот).

Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје, Бакрачески Наумче,со ИД број 100196 исклучен во 87  минута поради недозволен старт – втор жолт картон на  натпреварот од петто коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Металург“ –  Ф.К.“ Младост “ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  “Борис Трајковски“ во Скопје  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  30.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Нухи Фисник,со ИД број 100376 исклучен во 90 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на  натпреварот од петто коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Ренова“ –  Ф.К.“ Шкупи 1927 “ одигран на ден 29.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  во Гостивар  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  30.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Силекс“ од Кратово, Рудан Стефан,со ИД број 119981 исклучен во 33 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на  натпреварот од петто коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Работнички“ –  Ф.К.“ Силекс “ одигран на ден 30.08.2015 во 16,30 часот на стадионот  во Ѓорче Петров  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  31.08.2015 година.

Ф.К.“Вардар“ од  Скопје се казнува со парична казна  од  2.000 (двеилјади ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36,29 став 2 и член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  употреба на пиротехнички матерјали  и недолично , вулгарно однесување на навивачката група на Ф.К.“Вардар“ од Скопје (Комити) и слаба организација необезбедување  на доволен број обезбедување  во ВИП ложата на  натпреварот Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Шкупи 1927“ одигран на ден 09.08.2015 во 20,00 часот на  арена “Филип втори“ во Скопје.

Ф.К.“Вулкан“ од  Косел се казнува со одземање на  -3(три) негативни бода за натпреварувачка 2015-2016 година, во рангот во кој се натпреварува, врз основа на член  56 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  неоправдано напуштање на терен по завршување на првото полувреме на КУП  натпреварот 1/ 16 финале : Ф.К.“Вулкан“ – Ф.К.“Македонија ЃП“ одигран на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на  градскиот стадион во Охрид.

- Претставникот на на Ф.К. “Ренова“ од  Џепчиште, Абдула Ферат  одстранет од страна на главниот судија на натпреварот  поради вулгарно однесување  на  натпреварот од второ коло Прва МФЛ: Ф.К.“Младост“ – Ф.К.“Ренова“ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на  градскиот стадион во Охрид согласно со член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на  секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.

Казната тече од  17.08.2015 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.

Ф.К.“Дрита“ од  Боговиње се казнува со парична казна  од  250 (двестаипедесет ) евра, врз основа на член  58 став 1 точка 2 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  неоправдано неодигрување на КУП натпревар 1/16 финале  Ф.К.“Дрита“ – Ф.К.“Велазерими 77“ кој требаше да се одигра  на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на  стадионот во Боговиње.

Ф.К.“Шкендија“ од  Тетово се казнува со парична казна  од  2.000 (двеилјади ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36,29 став 2 и член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  употреба на пиротехнички матерјали  и недолично , вулгарно однесување на навивачката група на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово (Балисти) и слаба организација необезбедување  на доволен број обезбедување  во ВИП ложата на  натпреварот Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“ Вардар “ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на  стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Ф.К.“Победа“ од  Прилеп се казнува со парична казна  од  1.000 (илјада ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36,29 став 2 и член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  употреба на пиротехнички матерјали  и недолично , вулгарно однесување на навивачката група на Ф.К.“Победа“ од Прилеп (Мајмуни) и фрлање на тврди предмети, пластични шишиња при што е погоден првиот асистент на  натпреварот Ф.К.“Победа“ – Ф.К.“Tетекс“ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на  стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп.

- Тренерот на на Ф.К. “Гостивар“ од  Гостивар, Велиу Амир  одстранет од страна на главниот судија по завршување на натпреварот  поради недолично  однесување и навреди  на  натпреварот од прво коло Втора МФЛ: Ф.К.“Гостивар“ – Ф.К.“Скопје“ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на  градскиот стадион во Гостивар согласно со член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на  секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.

Казната тече од  16.08.2015 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.

- Шефот на стручен штаб на Ф.К. “Победа“ од  Прилеп, Крстевски Дарко  одстранет од страна на главниот судија во 80 минута на натпреварот  поради неспортско  однесување и навреди  на  натпреварот од прво коло Втора МФЛ: Ф.К.“Победа“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на  градскиот стадион во Прилеп, согласно со член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на  секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.

Казната тече од  16.08.2015 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.

Ф.К.“Брегалница“ од  Штип  се казнува со парична казна  од  1.000 (илјада ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36,29 став 2 и член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  извикување на слогани со навредлива содржина на национална основа  од страна на дел од публиката на  натпреварот од трето коло Прва МФЛ Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Шкупи 1927“ одигран на ден 23.08.2015 во 16,30 часот на  градскиот стадион во Штип.

Ф.К.“Пелистер“ од  Битола  се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36,29 став 2 и член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  извикување на слогани со навредлива содржина на национална основа  од страна на дел од публиката на  натпреварот од второ коло Втора МФЛ Ф.К.“Пелистер“ – Ф.К.“Гостивар“ одигран на ден 22.08.2015 во 16,30 часот на  градскиот стадион во Прилеп.




   
   
А репрезентација