О Д Л У К И од состанокот на Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 19.11.2014

Објавено на 19 Ноември, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Сашко Пандев,со ИД број 100364 исклучен во 44 минута поради црвен картон (втор жолт картон поради неспортски однос кон првиот помошен судија) и поради насилничко однесување по добивање на црвениот картон кон првиот помошен судија  на натпреварот од 13 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Брегалница2008 – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 29.10.2014 во 13:00 часот на градскиот стадион во Штип,  согласно член 3,8,13,16 и 44  од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап во времетраење од 6 (шест) месеци.Во изречената дисциплинска мерка е засметана и казната за добиениот црвен картон. Казната тече од  30.10.2014 година.

Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува

Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група “Комити“ и извикување на навредливи слогани  упатени кон ФФМ и структурите на ФФМ на натпреварот од 14 коло прва МФЛ: Ф.К.Хоризонт Турново – Ф.К.“Вардар“ одигран  на ден 22.11.2014 година на стадионот во Турново.

Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група “Балисти“ – истакнување на банери со недолична содржина  спрема УЕФА на натпреварот од 13 коло прва МФЛ: Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Металург“ одигран  на ден 29.10.2014 година на стадионот во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Ренова“ од Џепчиште се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член 3,16 а во врска со член 48, од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради слаба организација – пуштање на гостински навивачи да внесат пиротехнички матерјал – бакљи на натпреварот од 14 коло прва МФЛ: Ф.К.“Ренова“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран  на ден 01.11.2014 година на стадионот во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.




   
   
А репрезентација