Објавено на 06 Мај, 2015 во Одлуки
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Тетекс“ од Тетово поради слаба организација-необезбедена интернет конекција на натпреварот од 26 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Тетекс – Ф.К.Брегалница одигран на ден 22.04.2015 во 16:00 на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Тетекс“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкендија“ од Тетово поради присаство на лице под суспензија во надтрибинскиот простор во улога на Шеф на редарска служба на натпреварот од 26 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Шкендија – Ф.К.Вардар одигран на ден 24.04.2015 во 16:00 на стадионот “Башкими“ во Куманово.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Шкендија“ од Тетово да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Пелистер“ од Битола Чешмеџиев Константин,со ИД број 103819 исклучен во 65 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново – Ф.К.Пелистер одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот во Турново, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново, Мавров Митко,со ИД број 102091 исклучен во 90+3 минута поради неспортско -вулгарно однесување кон главниот судија на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново – Ф.К.Пелистер одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот во Турново, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово, Демири Бесир,со ИД број 101429 исклучен во 80 минута поради недозволен старт-втор жолт картон на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот на Башкими во Куманово, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Фетаи Самир,со ИД број 100379 исклучен во 73 минута поради недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот на Башкими во Куманово, согласно со член 40од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 3 (три) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Нухи Фисник,со ИД број 100376 исклучен во 90+4 минута поради неспортско –вулгарно и заканувачко однесување кон помошниот судија (Гоце Петрески) на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот на Башкими во Куманово, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Садики Бурим,со ИД број 101941 исклучен во 90+4 минута поради неспортско –вулгарно и заканувачко однесување кон помошниот судија (Гоце Петрески) на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Ренова одигран на ден 03.05.2015 во 16:00 часот на стадионот на Башкими во Куманово, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје, Талески Давор,со ИД број 105184 исклучен во 73 минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 28 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Вардар – Ф.К.Металург одигран на ден 03.05.2015 во 18:00 часот на Арена “Филип втори “ во Скопје, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 04.05.2015 година.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Македонија ЃП“ од Скопје поради слаба организација-предизвикана матерјална штета на возило на главниот судија Гоцевски Марјан паркирано на паркинг просторот пред стадионот на натпреварот од 24 коло од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.МакедонијаЃП – Ф.К.Младост одигран на ден 02.05.2015 во 16:00 на стадионот во Ѓорче Петров.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Македонија ЃП“ од Скопје да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Македонија ЃП“ од Скопје, Здравковски Давор,со ИД број 101050 исклучен во 88 минута поради недозволен старт-втор жолт картон на натпреварот од 24 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Македонија ЃП – Ф.К.Младост одигран на ден 02.05.2015 во 16:00 часот на стадионот во Ѓорче Петров, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 03.05.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Напредок“ од Кичево, Милованоски Владе,со ИД број 110056 исклучен во 81 минута поради неспортско однесување-втор жолт картон на натпреварот од 24 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Напредок – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 02.05.2015 во 16:00 часот на стадионот во Кичево, согласно со член 35од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 03.05.2015 година.
Дисциплинската комисија на ФФМ по барање на Ф.К.Македонија Ѓорче Петров ги повикува на соочување во просториите на ФФМ на ден 14.05.2015 во 10,00 часот :
- Овластен претставник од Ф.К.Македонија Ѓорче Петров
- Судиска четворка од натпреварот (Ф.К.Македонија – Ф.К.Младост)
- Делегатот на натпреварот (Ф.К.Македонија – Ф.К.Младост)
Дисциплинската комисија на ФФМ , по барање на ФК Евромилк (фудбалерот Ристов Сашко) ги повикува на соочување во просториите на ФФМ на ден 14.05.2015 во 10,30 часот :
- Фудбалерите на Ф.К.Еуромилк Костенцовски Марко и Ристов Сашко
- Судиската четворка од натпреварот Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк
- Делегатот на натпреварот (Ф.К.Скопје – Ф.К.Еуромилк)