О Д Л У К И од состанокот на Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 06.11.2014 година

Објавено на 06 Ноември, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Мавров Митко,со ИД број 102091 исклучен во 44 минута поради неспортско-насилничко однесување кон судиската тројка и кон резервната клупа на домашните фудбалери на натпреварот од 13 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Брегалница 2008 – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 29.10.2014 во 13:30 на градскиот стадион во Штип,  согласно член 35 а во врска со член 8 став 1,член 13, член17 став 1 точка д од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  3 (три)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  30.10.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Пандев Сашко со ИД број 100364 фудбалер на Ф.К.“Хоризонт Турново“ од Турново поради добиен црвен картон –втор жолт картон во 44 минута  и насилничко однесување спрема првиот помошен судија на натпреварот од 13 коло  од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Брегалница 2008 – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 29.10.2014 во 13:30 на градскиот стадион во Штип. Фудбалерот Пандев Сашко  СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 30.10.2014 година.

Се задолжува Пандев Сашко фудбалер на Ф.К.“Хоризонт Турново“ од Турново да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Божиновски Боби,со ИД број 109372 исклучен во 76 минута поради недозволена игра спротвно од постоечките правила на фудбалската игра на натпреварот од 14 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс – Ф.К.Силекс одигран на ден 02.11.2014 во 13:30 на градскиот стадион во Тетово,  согласно член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2(два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  03.11.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Mеталург“ од Скопје, Лескароски Дејан,со ИД број 105112 исклучен во 38 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 14 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург – Ф.К.Брегалница одигран на ден 02.11.2014 во 13:30 на  спортски центар ФФМ,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1(еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  03.11.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Брегалница 2008“ од Штип, Ѓорески Сашо,со ИД број 105215 исклучен во 68 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 14 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург – Ф.К.Брегалница одигран на ден 02.11.2014 во 13:30 на  спортски центар ФФМ,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1(еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  03.11.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште, Гуцев Благој,со ИД број 109647 исклучен во 74 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 12 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Еуромилк – Ф.К.Врапчиште одигран на ден 01.11.2014 во 13:30 на  стадионот на Цементарница,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1(еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  02.11.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија од Тетово  поради  слаба организација:

a)  Поради истакнување на Банери со недолична содржина на навивачката група “Балисти“во текотот на натпреварот од 13 коло на прва МФЛ: Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Металург“ одигран на ден 29.10.2014 во 13,30 часот на градскиот стадион во Тетово.

Се задолжува ФК“ Шкендија“ од  Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар од Скопје :

а) Поради неспортско,недолично,вулгарно однесување на навивачката група “Комити“ (извикување на зборови со навредлива содржина упатени кон ФФМ и структурите на ФФМ) во текот на натпреварот од 14 коло на прва МФЛ: Ф.К.“Хоризонт Турново“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на ден 02.11.2014 во 13,30 часот на стадионот  во Турново.

Се задолжува ФК“ Вардар“ од  Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Шкендија  од Тетово поради користење на пиротехнички матерјал- бакли  на навивачката група “Балисти“,во текот на натпреварот од 14 коло Прва МФЛ :Ф.К.“Ренова“ – Ф.К.“Шкендија“  одигран на ден 01.11.2014 година на градскиот стадион во Тетово, а по добиената пријава од комисијата за натпревари на ФФМ на седница одржана на ден 04.11.2014 година.

Се задолжува ФК“ Шкендија“ од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Ренова“  од Џепчиште поради слаба организација-внесување и користење на пиротехнички матерјал бакли  во текот на натпреварот од 14 коло Прва МФЛ :Ф.К.“Ренова“ – Ф.К.“Шкендија“  одигран на ден 01.11.2014 година на градскиот стадион во Тетово, а по добиената пријава од комисијата за натпревари на ФФМ на седница одржана на ден 04.11.2014 година.

Се задолжува ФК“ Ренова“ од Џепчиште – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна  од 4.000 (четириилјади  ) евра, врз основа на член  36 член38 а во врска со член  51 и член  48 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради ;

а) неспортско, недолично и националистичко однесување ;

б) употреба на пиротехнички средства – бакли и пароли

в) фрлање на тврди предмети во делот на теренот насочени кон главниот судија ,вториот асистент и фудбалерот на Ф.К.Вардар (опишано во делегатскиот извештај) на навивачката група Балисти  во текот на натпреварот од 11 коло прва МФЛ : Ф.К.Шкендија – Ф.К.Вардар одигран  на ден 19.10.2014 година во 14,30 часот  на Градскиот стадион во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група “Комити“ и извикување на навредливи слогани на национална основа во тек на КУП натпреварот од 1-8 финале: Ф.К.Вардар – Ф.К.“Шкендија“ одигран  на ден 22.10.2014 година на Арена Филип втори во Скопје.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Тетекс“ од Тетово се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група “Војводи“ и извикување на навредливи слогани на национална основа во тек на КУП натпреварот од 1-8 финале: Ф.К.Тетекс – Ф.К.“Шкупи“ одигран  на ден 14.10.2014 година на градскиот стадион во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје се казнува со парична казна  од 1,500 (илјадаи ипетстотини ) евра, врз основа на член 48 а во врска со член 36,38 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично  однесување на навивачката група “Шверцери“ и извикување на навредливи слогани на национална основа во тек на КУП натпреварот од 1-8 финале: Ф.К.Тетекс – Ф.К.“Шкупи“ одигран  на ден 14.10.2014 година на градскиот стадион во Тетово.




   
   
А репрезентација