О Д Л У К И Состанок Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 19.08.2015

Објавено на 19 Август, 2015 во Одлуки


-Фудбалерот на Ф.К. “Гостивар“ од Гостивар Рамадани Фатмир,со ИД број 101244 исклучен во 74  минута поради недозволен старт (втор жолт картон) на  натпреварот од 1/16 финалето на КУПОТ :Ф.К.“Поешево“ –  Ф.К.“Гостивар “ одигран на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Могила  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  13.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Поешево“ од Поешево Крстевски Влатко,со ИД број 104754 исклучен во 90+5  минута поради неспортско однесување на  натпреварот од 1/16 финалето на КУПОТ :Ф.К.“Поешево“ –  Ф.К.“Гостивар “ одигран на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Могила  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  13.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Најдовски Филип,со ИД број 100816 исклучен во 63  минута поради недозволен старт (втор жолт картон) на  натпреварот од 1/16 финалето на КУПОТ :Ф.К.“Љубанци“ –  Ф.К.“Тетекс “ одигран на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Ѓорче Петров  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  13.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Беласица“ од Струмица Костовски Миле,со ИД број 109288 исклучен во 74  минута поради недозволен старт од невнимание на  натпреварот од 1/16 финалето на КУПОТ :Ф.К.“Беласица“ –  Ф.К.“Скопје “ одигран на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Струмица  согласно  член  40од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  13.08.2015 година.

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Вулкан“ од Косел :

а) Поради неоправдано,самоволно,напуштање  по завршување на првото полувреме на КУП натпреварот 1/16 финале: Ф.К.“Вулкан“ –  Ф.К.“Македонија ЃП “  на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на градскиот стадион во Охрид.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Вулкан“ од Косел  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Дрита“ од Боговиње :

а) Поради неоправдано откажување од понатамошното натпреварување на КУП натпреварот 1/16 финале: Ф.К.“Дрита“ –  Ф.К.“Велазерими 77 “ кој требаше да се одигра на ден 12.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Боговиње.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Дрита“ од Боговиње да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново, Таипи Шчиприм,со ИД број 117739 исклучен во 84  минута поради недозволена игра при непосреден контакт со противнички фудбалер на  натпреварот од второ коло на Прва МФЛ:Ф.К.“Работнички“ –  Ф.К.“Хоризонт Турново “ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Ѓорче Петров  согласно  член  40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  17.08.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Абдула Ферат претставник  на  Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште одстранет од терен по завршување на натпреварот поради  неспортско недолично однесување и навреди  на натпреварот од второ коло на Прва МФЛ: Ф.К.“Младост“ –  Ф.К.“Ренова“ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Охрид.

Абдула Ферат се суспендира до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 17.08.2015 година.

 Се задолжува  Абдула Ферат да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот .

-Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Шкендија“ од Тетово поради :

а) недолично однесување на навивачката група “Балисти“ во текот на целиот натпревар,

б) употреба на пиротехника од страна на навивачката група “Балисти“

в)предизвикување на матерјална штета на автобусот на гостинската екипа на натпреварот од второ коло Прва МФЛ : Ф.К.“Шкендија“ –  Ф.К.“ Вардар “ одигран на ден 16.08.2015 во 17,30 часот на стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Шкендија“ од Тетово  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Победа“ од Прилеп поради :

а) недолично однесување на навивачката група “Мајмуни“ во текот на целиот натпревар со извикување на слогани со навредлива содржина на национална основа,

б)користење на пиротехнички матерјал,

в) фрлање на тврди предмети-пластични шишиња во тек на натпреварот, при што е погоден и првиот асистент на натпреварот:Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“ Тетекс “ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на градскиот  стадион во Прилеп.

Се задолжува  овластено лице  лица на  Ф.К.“Победа“ од Прилеп  да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје, Љамалари Арсим,со ИД број 104972 исклучен во 5  минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на  натпреварот од прво коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Љубанци“ –  Ф.К.“Еуромилк “ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Ѓорче Петров  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  16.08.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Еуромилк“ од Скопје, Ристов Сашко,со ИД број 100362 исклучен во 23  минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на  натпреварот од прво коло на Втора МФЛ:Ф.К.“Љубанци“ –  Ф.К.“Еуромилк “ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Ѓорче Петров  согласно  член  35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  16.08.2015 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Велиу Амир тренер  на  Ф.К. “Гостивар“ од Гостивар одстранет од терен по завршување на натпреварот

 поради  неспортско недолично однесување и навреди  на натпреварот од прво коло  на Втора МФЛ: Ф.К.“Гостивар“ –  Ф.К.“Скопје“ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Гостивар.

Велиу Амир се суспендира до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 16.08.2015 година.

 Се задолжува  Велиу Амир да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот .

Се поведува дисциплинска постапка против Крстевски Дарко шеф на стручен штаб на  Ф.К. “Победа“ од Прилеп одстранет од терен во 80 минута на натпреварот поради  неспортско недолично однесување и навреди  на натпреварот од прво коло  на Втора МФЛ: Ф.К.“Победа“ –  Ф.К.“Тетекс“ одигран на ден 15.08.2015 во 17,30 часот на стадионот во Прилеп.

Крстевски Дарко се суспендира до донесување на Одлука.

Суспензијата тече од 16.08.2015 година.

 Се задолжува  Крстевски Дарко да достави  писмена  изјава  во рок од 3 дена од денот на приемот .

Ф.К.“Победа“ од  Прилеп се казнува со парична казна  од  300 (тристотини ) евра, врз основа на член 51став 1 и став 5 а во врска со член 29 став 2 и  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради  употреба на пиротехнички матерјали од страна на  навивачката група на Ф.К.“Победа“ од  Прилеп (мајмуни)  на бараж натпреварот Ф.К.“Победа“ – Ф.К.“Беласица“одигран на ден 03.06.2015 во 16,00 часот на  стадионот  во Ѓорче Петров.

Ф.К.“Победа“ од  Прилеп се казнува со парична казна  од  1.000 (илјада ) евра, врз основа на член 36, 51 а во врска со член 29 став 2 и член 3 и  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување и употреба на пиротехнички матерјали  од страна на  навивачката група на Ф.К.“Победа“ од  Прилеп (мајмуни)  на бараж натпреварот Ф.К.“Беласица“-Ф.К.“Победа“  одигран на ден 07.06.2015 во 16,00 часот на  стадионот  во Ѓорче Петров.

Ф.К.“Љубанци“ од  Љубанци се казнува со парична казна  од  1.000 (илјада ) евра, врз основа на член 36, 51 а во врска со член 29 став 2 и член 3 и  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување и употреба на пиротехнички матерјали  од страна на  навивачката група на Ф.К.“Љубанци“ од  Љубанци  на бараж натпреварот Ф.К.“Велешта“-Ф.К.“Љубанци“  одигран на ден 07.06.2015 во 16,00 часот на  стадионот  во Прилеп.

Ф.К.“Зајази“ од Зајас се казнува со одземање на 3(три) негативни бода во натпреварувачката 2015-2016 и парична казна  од 250 ( двестотини и педесет  ) евра, а поради неоправдано недоваѓање и непојавување на терен на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ: Ф.К.“Еуромилк“-Ф.К.“Зајази“ кој требаше да се  одигра на ден 07.06.2015 во 16,00 часот на  стадионот  во Штип, согласно член 58 став 1  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.

- Тренерот на голмани на  Ф.К. “Брегалница 2008“ од Штип, Митрев Александар пријавен и одстранет од терен во 90+5 минута од страна на главниот судија Спиркоски Горан поради неспортско  однесување и недозволено влегување во терен  на  натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Работнички“одигран на ден 09.08.2015 во 17,30 часот на  стадионот  во Штип,согласно со член  35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на  секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 (еден) месец.

Казната тече од  10.08.2015 година.




   
   
А репрезентација