Објавено на 31 Јули, 2014 во Одлуки, Вести
Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 48 и член 51 а во врска со член 3 и 8 , од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – фрлање на тврди предмети од страна на публиката кон помошниот судија на натпреварот од 33 коло прва МФЛ: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Пелистер одигран на ден 18.05.2014 година во Тетово.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 48 и член 51 а во врска со член 3 и 8 , од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради неспортско однесување на навивачката група Комити во текот на натпреварот од 33 коло прва МФЛ: Ф.К.Брегалница 2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 18.05.2014 година во Штип.
Ф.К.“ПобедаЈуниор“ од Прилеп се казнува со парична казна од 200 ( двеста ) евра,согласно член 3 , 8 ,13 и 16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, и Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ за натпреварувачка 2013-2014 година, а поради слаба организација – ненаврено обезбедување на амбулантно возило на натпреварот од 30 коло втора МФЛ: Ф.К.ПобедаЈуниор – Ф.К.Дрита одигран на ден 17.05.2014 година во Прилеп.
Ф.К.“Дрита“ од Боговиње се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 3 , 8 ,13 и 16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, и Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ за натпреварувачка 2013-2014 година, а поради одбивање да се започне натпреварот согласно утврдениот терминза почеток на натпревари на натпреварот од 30 коло втора МФЛ: Ф.К.ПобедаЈуниор – Ф.К.Дрита одигран на ден 17.05.2014 година во Прилеп.
Ф.К.“Тиверија“ од Струмица се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 3 , 8 ,13 и 16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, и Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ за натпреварувачка 2013-2014 година, а поради неоправдано задоцнување на натпреварот од 30 коло втора МФЛ: Ф.К.Врапчиште – Ф.К.Тиверија одигран на ден 17.05.2014 година во Струга.
Ф.К.“Вардар“ од Неготино се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 3 , 8 ,13 и 16 и 48 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – неспортско однесување на својата навивачка група, фрлање на тврди предмети во терен на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ: Ф.К.Беласица (С) – Ф.К.Вардар (Н) одигран на ден 31.05.2014 година во Ѓорче Петров.
Ф.К.“Беласица“ од Струмица се казнува со парична казна од 600 ( шестотини ) евра,согласно член 3 , 8 ,13 и 16 и 48 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – неспортско однесување на својата навивачка група, фрлање на пиротехнички матерјал во терен на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ: Ф.К.Беласица (С) – Ф.К.Вардар (Н) одигран на ден 31.05.2014 година во Ѓорче Петров.
Ф.К.Победа Јуниор од Прилеп се казнува со забрана на играње на 4(четири) натпревари без присаство на публика на свој терен како домаќин на првенствени или куп натпревари и парична казна од 600 (шестотини евра) во денарска противвредност согласно член 48 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради националистичко скандирање и палење бакли на трибините од страна на навивачката група на Ф.К.“Победа Јуниор“ од Прилеп на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ одигран на ден 31.05.2014 година во Штип помеѓу Ф.К.“ПобедаЈуниор“Прилеп-Ф.К.“Влазерими“Кичево, а врз основа на изјавaта на делгатот на натпреварот.
Казната тече од 31.07.2014 година
Ф.К.“Вардар“ од Неготино се казнува со парична казна од 200 (двеста) евра,согласно член 48 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – искршени 14 столчиња за времетраењето на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ: Ф.К.Кожуф(Миравци) – Ф.К.Вардар (Н) одигран на ден 04.06.2014 година на градскиот стадион во Штип.
Ф.К.“Вардар“ од Неготино се казнува со парична казна од 1000 (илјада) евра,согласно член 48 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – неспортско однесување на својата навивачка група, извикување на непристојни пароли упатени кон ФФМ и судиската четворка и фрлање на тврди предмети во терен за времетраење на бараж натпреварот за пополнување на втора МФЛ: Ф.К.Кожуф(Миравци) – Ф.К.Вардар (Н) одигран на ден 08.06.2014 година на градскиот стадион во Штип.
Ф.К.“11Октомври“ од Прилеп се казнува со парична казна од 300 (триста) евра,согласно член 48 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација –оштетена гума од патничко моторно возило сопственост на главниот судија Константин Влахо на натпреварот од втора МФЛ: Ф.К.“11Октомври“ – Ф.К.“Тетекс“ одигран на ден 15.03.2014година на стадионот на Могила во Прилеп.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....