Објавено на 13 Август, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Гостивар“ од Гостивар Сефери Џихан ,со ИД број 101372 исклучен во 80 минута порадинеспортски однос-втор жолт картон на натпреварот од 1 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Скопје - ФК Гостивар одигран на ден 09.08.2014 во 17:30 на стадионот во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 10.08.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од Тетово Мишовски Никола ,со ИД број 101024 исклучен во 86 минута поради непосреден недозволен контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 2 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс - ФК Брегалница 2008 одигран на ден 10.08.2014 во 17:30 на стадионот во Скопје, согласно член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2( два) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 11.08.2014 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Брегалница 2008 “ од Штип Христов Николај ,со ИД број 114115 исклучен во 90+2минута порадинедозволен старт-втор жолт картон на натпреварот од 2 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс - ФК Брегалница 2008 одигран на ден 10.08.2014 во 17:30 на стадионот во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 11.08.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Силекс “ од Кратово Дурански Филип ,со ИД број 109857 исклучен во 76 минута порадинедозволен старт-втор жолт картон на натпреварот од 2 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург - ФК Силекс одигран на ден 10.08.2014 во 17:30 на стадионот на ФФМ во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 11.08.2014 година
Се поведува дисциплинска постапка против Тасевски Здравко комет администратор на Ф.К.Скопје од Скопје,пријавен од страна на главниот судија по завршување на натпреварот поради плукање и вербални навреди кон главниот судија на натпреварот од 1 коло ФК Скопје – Ф.К.Гостивар одигран на стадионот во Скопје на 09.08.2014.
Лицето Тасевски Здравко комет администратор на Ф.К.Скопје Скопје се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 10.08.2014 година.
Се задолжува Тасевски Здравко да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Скопје – Скопје поради присуство на неслужбено лице на терен на натпреварот од 1-во коло Втора МФЛ : Ф.К.“Скопје“ – Ф.К.“Гостивар“ одигран на стадионот во Железарница на 09.08.2014 година. Се задолжува ФК Скопје од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар – Скопје поради недолично однесување на навивачката група “Комити“ на натпреварот од 2-во коло Прва МФЛ : Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран на “Арена Филип втори“ во Скопје на 10.08.2014 година. Се задолжува ФК Вардар од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Фудбалскиите судии:Грдановски Симеон од Струга, Негриевски Кирил од Струга,Чакаревски Лазе од Струга,Карајанов Ѓорѓи од Гевгелија и Стевков Симеон од Скопје се казнуваат со дисциплинска мерка ОПОМЕНА поради неспортско однесување за време на одржување на фитнес тестирањето, а согласно член 35 од ДП на ФФМ.
Се запира поведената дисциплинска постапка бр.1102-1759 /8 од 06.08.2014 година против фудбалскиот судија Мацевски Ацо од Струга поради немање докази согласно член 131 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.