Објавено на 19 Март, 2015 во Одлуки
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Гостивар“ од Гостивар поради употреба на пиротехнички средства (Бакљи) од страна на навивачката група на Ф.К.“Гостивар од Гостивар на натпреварот од 16 коло од Втора МФЛ помеѓу Ф.К.Шкупи 1927 – Ф.К. Гостивар одигран на ден 07.03.2015 во 14:00 на Чаир во Скопје,а по пријава од комисијата за натпревари на ФФМ.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Гостивар“ од Гостивар Паунов Драган,со ИД број 103149 исклучен во 17 минута поради неспортско однесување симулација – втор жолт картон на натпреварот од 17 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Гостивар – Ф.К.Велазерими 77 одигран на ден 14.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Гостивар, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствен - куп натпревари
Казната тече од 15.03.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Напредок“ од Кичево Симјановски Душко,со ИД број 108695 исклучен во 90 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 17 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Напредок – Ф.К.Еуромилк одигран на ден 14.03.2015 во 14:00 часот на Градски стадион во Кичево, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствен - куп натпревари.
Казната тече од 15.03.2015 година.
Се поведува дисциплинска постапка против Рамадани Имбрли претставник на Ф.К.“Дрита“ од Боговиње одстранет од терен по завршување на првото полувреме поради неспортско - недолично однесување на натпреварот од 17 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Дрита - Ф.К.Кожуф Гевгелија одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 на игралиштето на АМС во Тетово.
Претставникот Рамадани Имбрли СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 16.03.2015 година.
Се задолжува Рамадани Имбрли претставник на Ф.К.“Дрита“ од Боговиње да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Гостивар“ од Гостивар поради недолично однесување на дел од гледачите на национална и верска основа , како и користење на пиротехнички матерјал на натпреварот од 17 коло од Втора МФЛ помеѓу Ф.К. Гостивар – Ф.К.Велазерими 77 одигран на ден 14.03.2015 во 14:00 на Градскиот стадион во Гостивар
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново, Пандев Сашко,со ИД број 100364 исклучен во 73 минута поради удирање на противнички фудбалер во игра во пределот на главата на натпреварот од 20 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Хоризонт Турново – Ф.К.Вардар одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Турново, согласно со член 42 став 1 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 4 (четири)првенствен - куп натпревари
Казната тече од 16.03.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје, Ефремов Андреја,со ИД број 100277 исклучен во 48 минута поради играње со рака надвор од голманскиот простор на натпреварот од 20 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Работнички одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Битола, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствен - куп натпревари
Казната тече од 16.03.2015 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје, Петровиќ Милован,со ИД број 103695 исклучен во 90+4 минута поради недозволена игра – втор жолт картон на натпреварот од 20 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Работнички одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Битола, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствен - куп натпревари
Казната тече од 16.03.2015 година.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Брегалница 2008“ од Штип поради расистичко однесување на дел од гледачите на натпреварот од 20 коло од Прва МФЛ помеѓу Ф.К.Брегалница2008 – Ф.К.Шкендија одигран на ден 15.03.2015 во 14:00 на Градскиот стадион во Штип.
Се задолжува овластено лице на Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип се казнува со парична казна од 500 (петстотини ) евра, врз основа на член 49 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради присаство на неслужбено лице во службените простории на клубот организатор на натпреварот , а по утврдување на фактичка состојба-соочување одржано на ден 04.03.2015 година во просториите на ФФМ на инволвираните страни на овој инцидент за натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Силекс“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот во Штип.
Тренерот на Ф.К. “Ренова“ од Џепчиште, Бујар Ислами,со број на легитимација 131 одстранет во 75 минута поради приговор кон главниот судија на натпреварот од 19 коло Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Ренова – Ф.К.Брегалница2008 одигран на ден 10.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Тетово, согласно со член 35, а во врска со член 13 и 16 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на тренерска функција од 2 (два) првенствени - куп натпревари
Казната тече од 11.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува
Фудбалерот на Ф.К. “Младост“ од Царев Двор Вељановски Наум,со ИД број 100591 исклучен-пријавен по завршување на натпреварот поради неспортско однесување на натпреварот од 16 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Кожуф Гевгелија – Ф.К.Младост одигран на ден 11.03.2015 во 14:00 часот на стадионот во Миравци, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 (два) првенствен - куп натпревари
Казната тече од 12.03.2015 година.
Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.