О Д Л У К И Од состанок на Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 12.11.2014 г

Објавено на 12 Ноември, 2014 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Шкендија“ од Тетово Усеини Мухамед,со ИД број 102489 исклучен во 73 минута поради недозволен старт - втор жолт картон на натпреварот од 15 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Работнички одигран на ден 09.11.2014 во 13:00 часот на градскиот стадион во Тетово,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  10.11.2014 година.

Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.“Вардар“  од Скопје поради користење на пиротехнички средства на навивачката група “Комити“,во текот на натпреварот од 15 коло Прва МФЛ :Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Металург“  одигран на ден 09.11.2014 година во 13:00 часот  на Арена  Филип Втори во Скопје.

Се задолжува ФК“ Вардар“ од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена  од  денот на приемот во врска со погоре наведените настани.

Фудбалерот на Ф.К. “Дрита“ од Боговиње Билбиловски Марјан,со ИД број 101586 исклучен во 49 минута поради неспортски однос – втор жолт картон на натпреварот од 13 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Скопје – Ф.К.Дрита одигран на ден 08.11.2014 во 13:00 часот на стадионот на железарница во Скопје,  согласно член 35 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  09.11.2014 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Шкупи 1927“ од Скопје Османи Минас,со ИД број 109170 исклучен во 55 минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 13 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.“Врапчиште“ – Ф.К.“Шкупи 1927“ одигран на ден 08.11.2014 во 13:00 часот на стадионот на Влазерими во Кичево,  согласно член 40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  2 (два)  првенствени или куп натпревари. Казната тече од  09.11.2014 година




   
   
А репрезентација