Објавено на 01 Април, 2015 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Дрита“ од Боговиње Абази Флорим,со ИД број 100385 исклучен во 45 минута поради неспортско однесување кон главниот судија – втор жолт картон на натпреварот од 19 коло Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Македонија ЃП – Ф.К.Дрита одигран на ден 29.03.2015 во 15:00 часот на Градски стадион во Ѓорче Петров, согласно со член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.
Казната тече од 30.03.2015 година.
Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип се казнува со парична казна од 2.500 (двеилјадиипетстотини ) евра, врз основа на член 36 став 3 а во врска со член 38 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради расистичко однесување кон фудбалерот на Ф.К.Шкендија од Тетово Идриссоу Мохамеадоу на начин што од страна на навивачката група “Фаланга“ од Штип била фрлена кора од банана во теренот до фудбалерот и во исто време истиот е исвиркуван со расистички извици , кое нешто е констатирано од страна на Неритан Рамадани – Заменик комесар за безбедност на ФФМ и Игор Бобевски член на комисијата за безбедност во ФФМ, на натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Шкендија“ одигран на ден 15.03.2015 во 14,00 часот во Штип, во рамките на 20 коло од прва МФЛ.
Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар се казнува со парична казна од 450 (четрстотиниипедесет ) евра, врз основа на член 51став 1 и став 5 а во врска со член 29 став 2 и од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради употреба на пиротехнички матерјали од страна на навивачката група на Ф.К.Гостивар од Гостивар на натпреварот Ф.К.“Шкупи 1927“ – Ф.К.“Гостивар“ одигран на ден 07.03.2015 во 14,00 часот во Скопје, во рамките на 16 коло од втора МФЛ.
Ф.К.“Гостивар“ од Гостивар се казнува со парична казна од 800 (осумстотини ) евра, врз основа на член 36,29 став 2 а во врска со член 48 и член 51 став 5 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради слаба организација и употреба на пиротехнички матерјали од страна на навивачката група на Ф.К.Гостивар од Гостивар на натпреварот Ф.К.“ Гостивар “ – Ф.К.“Велазерими 77“ одигран на ден 14.03.2015 во 14,00 часот во Гостивар, во рамките на 17 коло од втора МФЛ.
Во врска со поведените дисциплински постапки против Љума Реџеп комесар за безбедност на Ф.К.Шкендија од Тетово и Горазд Михајлов шеф на стручниот штаб на Ф.К.Тетекс ,Дисциплинската комисија на ФФМ ги повикува на соочување во просториите на ФФМ на ден 08.04.2015 (среда) во 11,00 часот лицата: Љума Реџеп комесар за безбедност на Ф.К.Шкендија, Горазд Михајлов шеф на стручниот штаб на Ф.К.Тетекс,Михајловски Зоран делегат на натпреварот, Стојано Стојанче главен судија ,Величков Боби четврти судија,Халили Куштрим Претставник на Ф.К.Шкендија и Жарко Стојаноски претставник на Ф.К.Тетекс,за натпреварот Ф.К.Шкендија – Ф.К.Тетекс одигран на ден 22.03.2015 година во 14,00 часот на Градскиот стадион во Тетово во рамките на 21 коло Прва МФЛ.Присаството на сите повикани е задолжително.
Се задолжуваат Ф.К.Шкендија од Тетово, Ф.К.Вардар од Скопје и Ф.К.Пелистер од Битола да ги достават побараните изјави во врска со претходно поведените дисциплински постапки против нив во предвидениот рок, во спротивно недоставување на изјава ке се смета како отежителна околност при донесување Одлука по поведената постапка.