Објавено на 04 Декември, 2014 во Одлуки
Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Брегалница 2008“ од Штип :
a) Поради присуство на неслужбено лице во службените простории на натпреварот Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Силекс“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот во Штип.
Се задолжува ФК“ Брегалница 2008“ од Штип – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Вардар“ од Скопје :
а) Поради употреба на пиротехника во текот на целиот натпревар Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Работнички“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот на Арена Филип втори во Скопје.
Се задолжува ФК“ Вардар“ од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК “Шкендија“ од Тетово :
а) Поради недолично , националистичко однесување на навивачката група “Балисти“ во текот на натпреварот Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Пелистер“ одигран на ден 30.11.2014 во 13,00 часот на градскиот стадион во Тетово.
Се задолжува ФК“ Шкендија“ од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со погоре наведените настани.
Ф.К.“Шкупи 1927“ од Скопје се казнува со парична казна од 1.500 (илјада и петстотини ) евра, врз основа на член 51 а во врска со член 36,37 и 38 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради употреба на пиротехнички средства на навивачката група “Шверцери“ во текот на натпреварот Ф.К.“Шкупи 1927“ – Ф.К.“Младост“ одигран на ден 22.11.2014 во 13,00 часот во Скопје, стадоон Чаир , поради што се предизвикани два прекини на натпреварот и поради истакнување на транспарент со националистичка содржина.