Објавено на 20 Август, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште Адили Мурат,со ИД број 109834 исклучен во 89 минута порадинеспортски однос-втор жолт картон на натпреварот од 2 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Дрита - ФК Врапчиште одигран на ден 16.08.2014 во 17:30 на стадионот во Кичево, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 ( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 17.08.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Вардар“ од Скопје Таневски Златко ,со ИД број 104393 исклучен во 48 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 3 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Брегалница 2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 17.08.2014 во 17:30 на стадионот во Штип, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 18.08.2014 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Брегалница 2008 “ од Штип Стојанов Дарко ,со ИД број 100927 исклучен во 76 порадинедозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 3 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Брегалница 2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 17.08.2014 во 17:30 на стадионот во Штип, согласно член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 ( два) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 18.08.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Работнички“ од Скопје Петровиќ Милован,со ИД број 103695 исклучен во 63 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 3 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Работнички – Ф.К.Тетекс одигран на ден 16.08.2014 во 17:30 на Арена Филип втори во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 17.08.2014 година.
Тренерот на голмани на Ф.К. “Вардар “ од Скопје Саша Илиќ ,одстранет од терен во 90+1 минута порадивербални навреди кон службените лица на натпреварот од 1 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Пелистер - ФК Вардар одигран на ден 03.08.2014 во 17:30 на стадионот во Битола, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(еден) месец. Казната тече од 04.08.2014 година. Со донесување на оваа Одлука Суспензијата се укинува.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 3,500 (триилијади ипетстотини ) евра,согласно член 51 став 1 и 3 а во врска со член 3 став 1 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради неспортско однесување на навивачката група Комити пред завршување на натпреварот со припадниците на МВР-СВР во трибинскиот дел каде што беше сместена навивачката група “Комити“ на натпреварот од 1 коло прва МФЛ: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Вардар одигран на ден 03.08.2014 година на градскиот стадион во Битола. При одмерување на казната земени се во предвид посебните околности во кои е сторен прекршокот односно неспортското однесување на дел од навивачката група и настанатите последици од несреќниот случај.
Ф.К.“Пелистер“ од Битола се казнува со парична казна од 1,000 (илјада ) евра,согласно член 51 став 2 и став 6 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – неспортско однесување на својата навивачка група , фрлање на пиротехники матерјали(петардиво терен) и палење бакли на трибини на натпреварот од 1 коло прва МФЛ: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Вардар одигран на ден 03.08.2014 година на градскиот стадион во Битола.
Се запира поведената дисциплинска постапка бр.1102-1759 /10 од 06.08.2014 година против Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип поради доставување на доказ од одделот за финансии при ФФМ дека е уплатена котизацијата за млади категории за натпреварувачка сезона 2014-2015 година согласно член 131 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.
Се запира поведената дисциплинска постапка бр.1102-1759 /11 од 06.08.2014 година против Ф.К.“Кожуф Гевгелија“ од Миравци поради доставување на доказ од одделот за финансии при ФФМ дека е извршена доплата на останатиот дел од котизацијата за Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2014-2015 година согласно член 131 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.
Комет администраторот на Ф.К. “Скопје “ од Скопје Тасевски Здравко ,пријавен од страна на главниот судија по завршување на натпреварот од терен порадивербални навреди,плукање кон главниот судија на натпреварот од 1 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Скопје - ФК Гостивар одигран на ден 09.08.2014 во 17:30 на стадионот во Железара, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 3(три) месеци. Казната тече од 10.08.2014 година. Со донесување на оваа Одлука Суспензијата се укинува.
Ф.К.“Скопје“ од Скопје се казнува со парична казна од 1,000 (илјада ) евра,согласно член 48 и член 49 ,од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради слаба организација – присаство на неслужбено лице на терен , на натпреварот од 1 коло втора МФЛ: Ф.К.Скопје – Ф.К.Гостивар одигран на ден 09.08.2014 година на стадионот на Железара во Скопје.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 1,500 (илјада ипетстотини ) евра, врз основа на член 36 и 38 став 1 а во врска со член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување на навивачката група Комити на натпреварот од 2 коло прва МФЛ: Ф.К.Вардар – Ф.К.Шкендија одигран на ден 10.08.2014 година на Арена “Филип втори) во Скопје.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија – Тетово поради недолично однесување (националистичко скандирање) на навивачката група “Балисти“ пред и за време на натпреварот од 3-то коло Прва МФЛ : Ф.К.“Шкендија“ – Ф.К.“Хоризонт Турново“ одигран на градскиот стадион во Тетово на 17.08.2014 година. Се задолжува ФК Шкендија од Тетово – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Брегалница 2008 од Штип поради слаба организација – необезбедена стабилна интернет конекција на натпреварот од 3-то коло Прва МФЛ : Ф.К.“Брегалница 2008“ – Ф.К.“Вардар“ одигран на градскиот стадион во Штип на 17.08.2014 година. Се задолжува ФК Брегалница 2008 од Штип – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против Васевски Зоран делегат од Виница поради пропусти во вршење на делегатската должност – ненавремено известување за проблеми со интернет конекција на натпреварот од 3 коло Прва МФЛ Ф.К.Брегалница – Ф.К.Вардар одигран на ден 17.08.2014 година на градскиот стадионн во Штип, а согласно Правилникот за натпревари на ФФМ и Пропозициите за натпреварување во втора МФЛ за натпреварувачка 2014-2015 .Се задолжува делегатот Васевски Зоран од Виница да достави писмена изјава во рок од 3(три) дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против Ангелов Виктор фудбалер на Ф.К.Металург од Скопје , а по пријава од Вујадин Станојковиќ ВД Селектор и Саша Ќириќ технички менанџер на У-21 Репрезентацијата на Македонија поради непојавување на закажана прозивка на У-21 Репрезентацијата на Македонија на ден 11.08.2014 година во 12 часот во хотел ТТЦ Гранд Плаза во Скопје.
Се задолжуваат Ангелов Виктор,Вујадин Станојковиќ,Саша Ќириќ и овластено лице од Ф.К.“Металург “ од Скопје на ден 01.09.2014 година (понеделник) во 12,00 часот да присаствуваат во просториите на ФФМ (сала за состаноци на Дисциплинска комисија), поради давање на изјави во врска со овој настан