Објавено на 17 Септември, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од СкопјеАнгелов Виктор,со ИД број 103587 пријавен од стрна на ВД Селекторот на У-21 Вујадин Станојковиќ и Техничкиот менанџер на У-21 Саша Ќириќ, а поради непојавување на закажана прозивка на У-21 репрезентација на Македонија на ден 11.08.2014 година во 12 ,00 часот во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, по поведената Дисциплинска постапка и соочувањето на страните инволвирани-пријавени за овој настан и по добивање на целокупниот доказен матерјал и дополнителните изјави, се одлучи фудбалерот Виктор Ангелов да се казни со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, а согласно член 63, а во врска со член 3,8,13 и 16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, со тоа што субјектот на дисциплинската одговорност-фудабалерот ако во иднина стори било каков дисциплински прекршок поврзан со повик во репрезентација, подготовки и тренинзи на репрезентација ќе се применат одредбите од член 63 став 1 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ. Казната тече од 17.09.2014 година.
Шефот на стручниот штаб на Ф.К. “Пелистер “ од Битола Марјан Секуловски со број на лиценца 133 ,одстранет од терен во 89 минута порадинеспортско однесување кон првиот помошен судија на натпреварот од 6 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс - ФК Пелистер одигран на ден 31.08.2014 во 17:00 на стадионот во Кратово, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(еден) месец. Казната тече од 01.09.2014 година. Со донесување на оваа Одлука Суспензијата се укинува.
Претставникот на Ф.К. “Скопје “ од Скопје Дејан Тасевски одстранет од терен во 46 минута (за време на полувремето) порадинеспортско однесување кон судиската четворка на натпреварот од 4 коло од Втора МФЛ помеѓу: Ф.К.Дрита - ФК Скопје одигран на ден 30.08.2014 во 17:00 на стадионот во Боговиње, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 2(два) месеци. Казната тече од 31.08.2014 година. Со донесување на оваа Одлука Суспензијата се укинува.
Ф.К.“Вардар“ од Скопје се казнува со парична казна од 1,000 (илјада ) евра, врз основа на член 36 и 38 став 1 а во врска со член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување на навивачката група Комити на натпреварот од 5 коло прва МФЛ: Ф.К.Вардар – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 27.08.2014 година на Арена Филип втори во Скопје.
Ф.К.“Пелистер“ од Битола се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член 3 ,13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ,а во врска со Пропозициите за натпреварување во прва МФЛ за натпреварувачка 2014-2015,согласно календарот и распоредот за натпревари во прва МФЛ за натпреварувачка 2014-2015 година а поради ненавремено започнување на натпреварот од 5 коло прва МФЛ: Ф.К.Пелистер – Ф.К.Работнички одигран на ден 27.08.2014 година на Градскиот стадион во Битола.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Скопје од Скопје поради слаба организација – недолично однесување на лицето задолжено за медицински носилки ( кое во 33 минута е одстрането –исклучено од теренот) на натпреварот од 5-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Скопје“ – Ф.К.“Еуромилк“ одигран на стадионот во Железарница- Скопје на 07.09.2014 година. Се задолжува ФК Скопје од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот а во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Скопје од Скопје поради слаба организација – одстранување на неслужбени лица од теренот и вербален напад од двајца неслужбени лица врз контролорот (Миле Стојчевски) на натпреварот од 5-то коло Втора МФЛ : Ф.К.“Скопје“ – Ф.К.“Еуромилк“ одигран на стадионот во Железарница- Скопје на 07.09.2014 година. Се задолжува ФК Скопје од Скопје – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот а во врска со овој настан.