Објавено на 03 Септември, 2014 во Одлуки
Фудбалерот на Ф.К. “Тетекс“ од ТетовоАдем Емир,со ИД број 110625 исклучен во 2 минута поради недозволено доаѓање во непосреден контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 5 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс - ФК Тетекс одигран на ден 27.08.2014 во 17:00 на стадионот во Кратово, согласно член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2 ( два) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 28.08.2014 година
Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново Најденов Бојан,со ИД број 102092 исклучен во 90+3 минута поради неспортски однос – втор жолт картон на натпреварот од 5 коло од Прва МФЛ помеѓу: ФК Вардар – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 27.08.2014 во 19:00 на Арена Филип втори во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 28.08.2014 година.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Пелистер од Битола поради слаба организација – ненавремено започнување на натпреварот согласно календарот и распоредот за натпревари за прва МФЛ на натпреварот од 5-то коло Прва МФЛ : Ф.К.“Пелистер“ – Ф.К.“Работнички“ одигран на градскиот стадион во Битола на 27.08.2014 година. Се задолжува ФК Пелистер од Битола – овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар од Скопје поради недолично однесување на навивачката група “Комити“за време на натпреварот од 5-то коло Прва МФЛ : Ф.К.“Вардар“ – Ф.К.“Хоризонт Турново“ одигран на Арена Филип втори во Скопје на 27.08.2014 година. Се задолжува ФК Вардар од Скопје– овластено лице од клубот да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Фудбалерот на Ф.К. “Скопје“ од Скопје Наковски Ристе,со ИД број 103671 исклучен во 53 минута поради неспортски однос – втор жолт картон на натпреварот од 4 коло од Втора МФЛ помеѓу: ФК Дрита – Ф.К.Скопје одигран на ден 30.08.2014 во 17:00 во Боговиње, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 31.08.2014 година.
Се поведува дисциплинска постапка против Тасевски Дејан претставник на Ф.К.Скопје од Скопје,исклучен отстранет од теренот во 46 минута (за време на полувремето од натпреварот) поради неспортсо однесување кон судиската четворка на натпреварот од 4 коло ФК Дрита – Ф.К.Скопје одигран на стадионот во Боговиње на 30.08.2014.
Лицето Тасевски Дејан претставник на Ф.К.Скопје Скопје се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 31.08.2014 година.
Се задолжува Тасевски Дејан да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Се поведува дисциплинска постапка против Секуловски Марјан Шеф на стручен штаб на Ф.К.Пелистер од Битола,исклучен отстранет од теренот во 79 минута поради неспортсо однесување кон првиот помошен судија на натпреварот од 6 коло ФК Силекс – Ф.К.Пелистер одигран на стадионот во Кратово на 31.08.2014.
Лицето Секуловски Марјан шеф на стручен штаб на Ф.К.Пелистер Битола се СУСПЕНДИРА до донесување на Одлука.
Суспензијата тече од 01.09.2014 година.
Се задолжува Секуловски Марјан да достави писмена изјава во рок од 3 дена од денот на приемот во врска со овој настан.
Фудбалерот на Ф.К. “Металург“ од Скопје Ѓорѓиевски Бојан,со ИД број 111940 исклучен во 88 минута поради недозволен старт – втор жолт картон на натпреварот од 6 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Металург - ФК Вардар одигран на ден 31.08.2014 во 17:00 на Стадион во Ѓорче Петров во Скопје, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1( еден) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 01.09.2014 година.
Фудбалерот на Ф.К. “Пелистерг“ од Битола Трајкоски Јованчо,со ИД број 102596 исклучен во 90 минута поради недозволено доаѓање во непосреден контакт со противнички фудбалер на натпреварот од 6 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Силекс - ФК Пелистер одигран на ден 31.08.2014 во 17:00 на Стадион во Кратово , согласно член 40 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 2( два) првенствени или куп натпревари. Казната тече од 01.09.2014 година.
Ф.К.“Шкендија“ од Тетово се казнува со парична казна од 1,500 (илјада ипетстотини ) евра, врз основа на член 36 и 38 став 1 а во врска со член 3 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување на навивачката група “Балисти“ на натпреварот од 3 коло прва МФЛ: Ф.К.Шкендија – Ф.К.Хоризонт Турново одигран на ден 17.08.2014 година на Градскиот стадион во Тетово.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.
Ф.К.“Брегалница 2008“ од Штип се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член 3 ,13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ,а во врска со Пропозициите за натпреварување во прва МФЛ за натпреварувачка 2014-2015, а поради нестабилна интернет конекција на натпреварот од 3 коло прва МФЛ: Ф.К.Брегалница 2008 – Ф.К.Вардар одигран на ден 17.08.2014 година на Градскиот стадион во Штип.
Лицето Васевски Зоран делегат на делегатската листа од Прва и Втора МФЛ, делегиран на натпреварот од 3 коло прва МФЛ:Ф.К.Брегални9ца2008 – Ф.К.Вардар одигран на 17.08.2014 година се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА согласно член 3,13,16 а во врска со член 113 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, а поради ненавремено известување на проблемот со интернет конекцијата за погоренаведениотѕ натпревар до надлежните тела на ФФМ.
Ф.К.“Хоризонт Турново“ од Турново се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член 3 ,13,16 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ,а во врска со Пропозициите за натпреварување во прва МФЛ за натпреварувачка 2014-2015, а поради нестабилна интернет конекција на натпреварот од 4 коло прва МФЛ: Ф.К.Хоризонт Турново - Ф.К.Брегалница 2008 одигран на ден 24.08.2014 година на стадионот во Турново.
Тренерот на Ф.К. “Вардар “ од Скопје Васоски Александар ,одстранет од терен во 84 минута порадивлегување во терен за време на натпреварот од 4 коло од Прва МФЛ помеѓу: Ф.К.Тетекс - ФК Вардар одигран на ден 24.08.2014 во 17:00 на стадионот во Ѓорче Петров, согласно член 35 од ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(еден) месец. Казната тече од 25.08.2014 година. Со донесување на оваа Одлука Суспензијата се укинува.