Објавено на 07 Април, 2015 во Вести, До 17 год
Нашата млада репрезентација одигра нов одличен натпревар, неверојатно прво полувреме во кое успеа да постигне четири гола. Повторно на сцена стапи одличната Максути Улза која со постигнати два гола беше нашиот најдобар поединец и на оваа средба. По еден гол постигнаа Мила Талевска и Теодора Бумбаровска.
„ Девојките одиграа фуриозно прво полувреме повторувајќи ја играта од вчера. Уште во првиот дел успеаа да го решат прашањето на победникот на овој меч. Во второто полувреме од тактички причини малку калкулиравме и решивме да ги одмориме клучните играчи за решавачкиот натпревар во четврток против Црна Гора кој ќе одлучи за првото место на турнирот "- изјави селекторот Кирил Изов за официјалната веб страна на Фудбалската федерација на Македонија.
Предводникот на женската селекција на Македонија до 16 години, Кирил Изов дуелот го започна во следниот состав: Суарта Речи, Спасовска Јована, Гоцевска Анита, Биневска Ивана, Ѓорѓиевска Теодора, Шемшовиќ Елма, Киранова Викторија, Чубриновска Јана, Талевска Мила, Бумбаровска Теодора и Максути Улза. Шанса за настап во продолжението добија Николовска Анастасија, Цветковска Мелани, Белистојаноска Марија, Котева Моника, Гегова Драгана и Живиќ Јулија.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...