Објавено на 28 Април, 2016 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија ја заврши својата обврска од договорот меѓу ФФМ, општина Битола и УЕФА и заврши со активностите кој се поврзани со изградбата на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА.
Обврска на локалната самоуправа е изградба на покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион.
Тревната подлога поставена на главниот терен на стадионот Тумбе кафе во Битола е работен според највисоките критериуми на УЕФА и ги исполнува условите да биде домаќин на сите репрезентативни и клупски тимови.
На денешното официјално пуштање во употреба на теренот со нова тревна подлога и дренажен систем присуствуваше делегација на Фудбалската федерација на Македонија и Општина Битола.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....