Објавено на 28 Март, 2016 во Вести, До 21 год
Избраниците на селекторот Благоја Милевски веруваат дека може да се повтори играта од дуелот во Скопје и да дојдеме до изненадување против големиот фаворит во групата. Бобан Николов, фудбалерот на Вардар вели дека играчите се подготвени и со нетрпение го очекуваат дуелот против французите.
-Со нетрпение го очекуваме натпреварот против Франција. Важно за нас е тоа што немаме повредени фудбалери, сите сме здрави и подготвени за настап. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, треба да влеземе во натпреварот и да дадеме се од себе и да се обидеме да ја израдуваме македонската јавност, вели Бобан Николов.
Ѓоко Зајков, дефанзивецот во составот на Македонија потенцира дека нема да се предадат предвреме, напротив, силно ќе се борат да заминат од гостинскиот терен непоразени.-Ја следевме Франција на мечот со Шкотска и можам да кажам дека е истата
репрезентација со која се соочивме на првиот меч. Играат брз, технички фудбал,
но ние сме подготовени да одговориме на предизвикот и да се надигруваме. Одиме
на позитивен резултат во Ле Ман. Без разлика дали е Франција или некој друг,
ние даваме сѐ од себе. Можеби се фаворити на хартија, но покажавме во Скопје
дека не секогаш победува фаворитот на терен“, вели Зајков.
Според најавите од домаќините, се очекува утре да присуствуваат
околу 10.000 гледачи на стадионот во Ле Ман. Натпреварот започнува во 21.00
часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....